Јас земав од ДМ за децава, ама немаше баш многу избор. Инаку @Kolache na mama, прееска гледав и во Кеги Колев во Сити Мол, по 300 денари беа.
Ужас. А цените се горе доле како во Ваикики, епа појше ми се исплати таму да одам барем ко госпоѓа ќе направам шопинг. Во Кали е бетер од пазар искрено, продавачките ги имам видено на каса само, а околу нив се е хаос. За да спариш чевли ти требаат 2 саати, што во време на пандемија е стварно незамисливо пошто надвор луѓе чекаат за да влезат, тебе ти е незгодно да останеш внатре пола саат. Не знам зошто продавачките не пробаат да го потсредат малце хаосот.Еднаш се деси следново: татко ми беше внатре бараше патики (не најде), во меѓувреме дошла жена и им рекла на продавачките као бев пред 2 саати ми се бендисаа кондури ама само едната ја најдов, ви реков ако ја најдете другата да ми се јавите да дојдам да ги купам и ми се јавивте и као еве дојдов, и продавачките се чуделе кој и се јавил
Јас на шала реков во Шутка е посредено,ама изгледа вистина е посредено. Исто и јас додека бев таму една жена најде една сандала, бара помош од продавачките за да ја најде другата и викаат види лево- десно побарај. Они имаа за муабетење многу. Во кој бутик и да влезеш работа на продавачот е да здипли по тебе. Овие касиерки.
Мила добри ли му се? И на синко му стигнаа денеска,ептен му се удобни, немаше сопнување како со останати обувки,одма трчаше и шутираше топка,ама како ептен точни да му се. Ми изгледа како да нема многу луфт,петата за некој мм не му е до крај.
Удобни и добри му се. Синко само што почна да носи 25ка, овие му се добри. Немало да е грешка и 25ка да земам ама за 650 ке ги износи барем на одмор. Има повеќе од пола цм.
Да, 25 најк носи ама најк се помал калап. Адидас 25 се 14,5 цм а најк 25 се 14 цм. И ипанема се поголем калап. На среќа ги погодив.