Треба да купам балетанки за 9 годишно девојче, ама 37 број Каде да барам? Препорачајте ми продавници кои имаат поголеми детски броеви. Скоро сите што ги видов (вклучително и Ваикики) се до 35, 36.
Првиот е комплет 150 ден,плави и сиви шорцеви се комплет,белата и плавата маица се комплет мислам дека беа по 400 ден. А маицата со жирафа и шорцевите се посебно.
Прекрасни се, и мене ми требаат вакви гумени за лето. Како се со величините моделите на zaxy? Кој број носи твоето девојче? Мојава најк 23,5, зара 23, баш и го премерив ножето сега 14цм, 23 или 24 да и земам треба? Стојат ли цврсто на нога, се стега ли тоа ремчето убаво?
Зборевме за летни прекривки, еве во памук пале донеле, само да се види димензијата дали ќе одговара А дали некаде сте виделе вакви летни патичиња ,овие беа во Ваикики ама во капитол и рамстор ги нема
Баш и легна стапалото, не и шета и се гледа дека и се удобни, се изнатрча и изнаскока со нив. Најк 25ка (14цм) и се тесни на мојата , а овие ги зедов 25-26 (16цм) и супер и е бројчето. Еве ти слика да ги видиш поубаво од блиску.
На Алкалоид се овие, мојата од Локо беше и се мислам повеќе од 300ден не била. Лично Вајкики ми се подобри и помала/подобра димензија беа, плус ова треба да пеглаш, Вајкики може да мине и без Посоодветна димензија имав од Енци на Карамел, што верувам ги има и низ Битпазар, по две во пакување идеа. Јас и од Мадеркеар имав, памучна тенка прекривка и како плетено ќебенце, е тие беа нешто