Не знам до која цена ти одговара ама најдобро во оптика да одиш да си избере оквир и имаат многу избор за такви стакла поевтини и поскапи. Јас на пример моите ги платив 2500ден, беа некоја средна цена. Конкретно јас во Бисер ги земав од оптиката од страната на Сиф кафаната, не ми текнува на името ама ептен се услужливи.
Па на ова времево како да му ги облечеш Зашто не ги носи, не сака? Јас малку се плашам дали ќе може да оди во нив ама му се сварија нозете во патики.
Супер, со здравје да ги носи . Пиши како се за трчање. Јас му земав и едни старки, тие му ги облекувам на топло, овие не дошле на ред
Нема гајле, супер оди не се сопна ни еднаш ама застанува цело време, ги гледа и ги соблака како играчки му се . Старките уште не стигнав да му ги облечам
Повеќе ми е битно да се квалитетни и стварно да штитат од цената... Нормално да не се 200 евра ги зема 2500 без рамките или со рамки толку? Јас имам рамки, така кога би купувала само стакло би сменила
Побарај во Стружанка гаќички на Силви стајл. Можда немаат дезени ама памукот е одличен и се многу поевтини од Тритекс.
Јас за таа намена одвикнување од пелени, земав од џамбо. Добар е памукот а цената пристојна. Ко ќе се по*акаше само ги фрлав. Тоа се случи 5-6 пати. И фала богу брзо се научи на нокшир
Слободно облечи му ги, јас денес за прв пат на мојот му ги облеков и супер си трчкаше низ дома а и надвор. Многу му е топло во патики цело време испотени ноџињата му беа.
Претпоставувам реплика е, не оригинал... Сега гледам онлајн, на попуст е 893 ден, била 1488 ден. Во секој случај ти благодарам