Од штандот на Ипанема во Сити мол, одма до лотаријата на приземје. Имаат и во Веро џамбо, и во спортските продавници.
Ги купив од жива фарм аптека 950д.....во како се за 1000 поскапи....а мн се згодни имаат ременчиња за се
Незнаев каде да прашам па можеби тука ќе ми помогне некој. Каде можам да најдам играчка/облека или слично со тролс. Ми треба за едно драго девојче кое ги сака многу, но освен едни лего коцки кои ми фатија око, друго не можам да најдам. Лего коцките ќе ги купев без мислење, ама се 4+, а таа е 3 годинки
Кукличка Папи (девојчето од Тролс) имам купено во Тинекс, беше во кутија заедно со јајце полно со бомбони и уште нешто имаше внатре, ама не се сеќавам. Ја купив околу Нова година, ама не знам дали сеуште ги имаат, провери во било кој Тинекс, треба да стојат во делот кај што се продаваат тракатанци за роденден. Имам купено за ќерка ми летни патичиња со Тролс од Атлантик комерц, околу 900 денари беа, не се лоши, лесни се за носење, ако сакаш ќе ти ги сликнам да ги видиш. Можеш да провериш и во Крш мислам дека има такви играчки, за поефтина варијанта можеш да провериш и во Андреј компани.
Ако не ти е проблем сликни ми го патичињата. Во крш не ме бендиса ништо имаше 2-3играчки само. Мене легото ми е супер, ама само ради возраста не сум сигурна.