https://instagram.com/tinyangels.mk?utm_medium=copy_link Погледни тука, може да има како со ногавици.
Има на амазон вреќички со ногавици за поголеми дечиња, а пред некој ден некоја мајка кажа овде во ваикики дека имало такви па може таму ќе најдеш ако неможеш од амазон.
Јас мислам на вреќа како со ногавици не баш класична вреќа за бебе. Има носено он од Ваикики секоја година од тие со ногавици, ама мислам до 4-5 год е последен број.
Прашај во локо кроко. Лани имаше големи броеви. Јас и 110ка имам .имаше и поголеми. Исто и вајкики имаат големи броеви.
Ако се уште не сте нашле, има големина 5-6 години од Happy Kids Macedonia,имаа и табела ставено колкави им се димензиите, без ракави и со ногавици, види на fb...Јас нарачав од babyco.mk сакав да биде со ракави, тие одат до 4 години ама прават по нарачка поголеми за нив се доплаќа ама иста им доаѓа цената како на тие од Happy Kids јас таква порачав за поклон, само моделите им се без ногавици, мојот спие во таква без ногавици...
Каде купувате хулахопки за 2 годишни девојчиња? По можност убав материјал, не онакви проѕирни. Ми требаат неутрални бои, без апликации и украси. Ако има онлајн уште подобро. Фала
Вакви хулахопки имаш во сите добро снабдени чорапари ,ако си од Ск има една продавница за хулахопки и чорапи за деца во Бисер трговскиот после Пеко,јас од таму најчесто купувам.