Синче носи 27ца патики, сакам гумени чизми да му земам ама нај ок со цени се во обуча метро ама гледам сесе 28ци. Како се со калап?
Јас топлинки, патики и имам земано и чевли, некако поголеми се во калапот. За гумени чизми не знам искрено.
Имаш од таму купено? Мене не ми се даваат пари како лани за чизми кои можеби нема да ги носи. Ама ако држат ладно подобро ке е со крзно. Во ваикики исто се без крзно.
Моник јас и земав од Ваикики со топличко се внатре ама секако и 2 пара чорапи облекувам.Не ми се даваше 1500 за неколку пати носење.
Планираш да ги носи замава за на снег? На малава и зедов 2 броја поголеми оти 20 носи а од 22 излегуваатМора најдебели чорапи. Поголемава има танка нога трпи дебел чорап во чизмите,а ги планирам за сега за шлапкање додека не заладило.
Чизмите од лани му ги пробав точни му се па може со тие ќе тера на ладното па мислев уше едни вакви. Нарачај некоја баба калци да и сплете или по пазарите има.
На моиве споро им расте ноџе. 2 годи.малава ги носеше на од Емкаемка малиот. Сега 1 бр.поголеми и до година ќе ги носи. Викаш калци да барам.Или волна да им ги наполнам