@emkaemka не ме чуди, секоја зима истиот проблем . Не знам кај да гледам, треба двајцата да ги носам да пробаат и ич не ми се шетаат продавници за разгледување Лани на поголемиот му земавме Цицибан ама со врвки и се случуваше да му влезе вода. Точни му се и оваа година ама морам некои посигурни . На малово никако да му се погодат точни чизмите од брат му, кој планира друго дете нека пресмета прво, да не утка сезони како моево @Coco31 од citymall се овие?
И Копер се со врвки, ама буквално никогаш ноџе не му беше мокро, цела зима на Галичица ја минавме, по снег, дожд, влага.. Јас онлајн нарачав, има сантими, претходно само се информирав дека се лесни што ми беше многу битно.
Fashion&friends аутлет имаат, може ќе начекаш бројче. Ние тргнавме во артурс дека лани имаше копер ама немаше бројче и случајно влеговме да видеиме дали ќе најдеме нешто.
За чизми гледам зборите, јас сакам некои од овие две да и земам , но бидејќи ги нема во мојов град во HM ,сакам да порачам и не знам дали 23 или 24 да и земам , 23 ка адидас носиме инаку
На h&m некако ми идат за нијанса помали бројчињата во споредба со исто бројче од друга марка. Јас би зела 24, сепак е чизмичка.
Ти стигнаа? Какви се внатре? Викаш со крзно. Јас се залетав во мат стар, ама таму ни едни гумени не беа со крзно. дури не ми беа убави, само гумата и толку.
@irena.1 јас пред две год од мат стар му зедов со крзно гумени убави,топли ама кога заврна снег дете глава ќе искршеше каде што беше подрмрзнато.Се лизгаа леле моеи мајко.
Стигнаа, но без крзно. Чекам сега замена да ми пуштаат. Имало од истиот модел со крзно и без крзно. Па денес или утре треба да ги добијам. Е сега за на снег не знам какви ќе се. До душа кај нас и нема многу снег, а кога има во двор е најчесто. Повеќе ми се за суво време кога пешачиме низ ридот, некогаш знае да биде кајливо па да не ги маци патиките.
Не знам за пред две години. Сега ги видов на фв и отидов во продавницата. Џабе евтини ако не ги бива. Овие што ги видов беа само гумата, ништо друго. И да, изгледаат ко да ќе се лизгаат. Може имаат и со крзно, овде немаше.
Еве какви се овие со крзно Доле влошката е без крзно само нагоре има крзно. За на снег не знам какви ќе се, овие пред се и ги зедов за низ двор кога ќе биде каливо .
Чашките од првата слика се од bebe home беа на 50% попуст , ги нарачав заедно со крема за мене од coslovemetics да не плаќам плус достава Комплетчето е поклон