Повели Најмалото бројче е 22ка, внатрешноста е вештачко крзно, скроз е ок. Од сабајле шетавме, нозете топли му беа кога се вративме. Задоволна засега.
Бидејќи сите калапи се различни, каков калап се гумените? Моево пример носи 20 адидас, 21 најки. Па не знам 22 од гумените дали би му биле ок. Мене повеќе адидасот ми фати око сепак, од каде се тие?
Мојот носи адидас патики 22ка и овие гумените му се баш комотни, голем е калапот. А чизмичките на втората слика се од Спорт М, во живо се уште поубави, едвај чекам снег да падне.
Бројкиве од адидас обувкиве не ми штимаат некако 20 за 11.5см 21 за 12.3см 22 за 12.8см 23 за 13.2см Синко има и 20 и 21. 20ките му се таман, 21 му се бајѓи големи, а ноџето му е 13 см. Дали дека му е слабичко не знам, ама во број 23 сигурно ќе се изгуби.
Јас ги гледав на sport vision величините. Ама пак тука се негде. А ние имаме 21, но големи му се, а ноџето му е 13см. Му го мерев кога ќе згазне на лист, мислам така е најправилно.
Вајкики во сити мол да, немаше воопшто избор, а Зара многу се гломазни ѓоновите на чизмите и патиките, многу ретко купувам обувки за деца. А и општо за деца во моментов во Зара воопшто нема избор. Фала ти во секој случај, секогаш си on point со продавнициве
Ќути "оn point" Ако Зара и Вајкики не ти се свиѓаат, нема ни Обуча, уствари ако бараш кожа и кожна влошка види ги овие