Пошто сте биле тазе во бенетон, има избор помали броеви од 80ка па нагоре до кај 92? Ако сте приметиле Да не тепам пат за џабе не ни знам дали имаат бебешка линија кај нас.
Ја патам по сивиот дуксер со ракави во шарени бои. Го видов не го земав и одма го снема. Тенок, не од дебелите. Да не донеле пак? Дефинитивно имаат најквалитетна детска облека, рамо до рамо со окаиди. Зара ми се кине на второ перење. @Mucika 92ки има сигурно, а мислам и 86 сум видела.
Синко кога беше годинка влегов и ми рекоа дека не држат мали броеви а за бебиња не сум видела стварно. Да не си грешка? Или ако има една, две работи да се пикнати и да не се гледаат.
Мојов имаше негде 1,5г кога првпат му купив маичка по кратки, не памтам од колку почнувале бројчињата ама веројатно е за 2г.
Не знаев кај да прашам па ај тука. Од сегде купив чорапчиња за малиот и сите го стегаат на ластикот зошто има подебело ноџе. Му ги сечев ластиците ама срамота е со искинати, а нови чорапи да го нодам. Кај да најдам чорапи како без ластик горе да не стегаат?
Јас обавезно им ги превиткувам кај ластикот кога ќе им ги облечам и така не ги стега. Ми стана навика и јас така почнав да облакам чорапи И пробај плус со бројче поголеми
Дали се ок долните тренерки мислам на материјалот и што цена се? Сестра ми му купила маички на долги 139 ден и слободно да кажам дека се класа над Зара. Зара блузичките се катастрофа. И елечињата за 600 ден се супер.
Се на сликата е околу 1300 денари, не знам точно колку. Блузонот и тренерките беа 699 а долните делови беа по 299, два пара се таа цена. Ги исправ и супер се. Наредно купување ке имаат предност синсеј пред зара и окаиди.
Ако сакаш само да ми кажеш пример од Зара долни тренерки кој број носи и овие кој број се. Бидејки се мал калап да знам од прилика бидејки не одам јас.
Јас земав 116 Синсеј, од Зара носи 5-6. Сум можела и 122 да земам, ама ок се , баш таман. Исто и блузите. 116ка се, ама нема да било лошо 122. Пролетва ќе му бидат ок. Имам нешто од претходно, не се вау квалитет. Ама па и Зара не се и они ми се деформираат. А ги носат по 2-3 месеца само. За тие пари ок се ептен. Овие уште ги немам ни исперено од шо не дошле на ред.
Долните не се мал калап. Синко е слаб и не ги "исполнува", му купив 98ка и зара носи од тој број. Инаку му се точни, нема да може да ги носи во септември, моја претпоставка. За синко горе земам поголем број, 104ка, се му е кратко во ракави. А долен дел 104ка му се долги. Колку е високо твоето?
Исто и јас. Ме брзаше маж ми, да имав повеќе време ке земев поголем број. Сега не смеам во сушара да ги ставам. Зара имаат штосни модели, не се со коли, мене тие не ми се допаѓаат. А квалитет за тие пари нема. Ваикики и кртерс се три класи над зара.