Ставај на сонце да се суши. Како сонце што вади флеки ништо друго. Плус најприродно. Ја првите месеци користев пелени за повеќекратна употреба. Флеките од каки само сонце ми ги белеше.
Ако веќе не си купила и сушела, како што се собира синсеј, ништо друго не се собира. 2 броја помали излегуваат после сушење. Инаку бркаат работа за секој ден.
Јас после 5-6 нарачки од Зара сфатив дека освен бодиња и фармерки другото ретко вреди. За фармерките посебно немам зборови преубави ми се, ама блузичкиве и тренерчињата не сум задоволна од квалитетот. Последно со попустите нарачав тренерки долни еден модел 12-24, друг модел 2-3 години демек за понатака, а тој помал е и од 12-24. Разочарана сум од Зара, да имаше онлајн waikiki од таму ќе си нарачував.
Немам купено. Ќе одам деновиве Пролетни јакни да не се скапи каде да најдам? Ваикики и Котон нема. Не сакам да е тексас или кожна
@Isabel јеп, облеката Зара потфрлаат, сем јакни, елечиња што се чиста 5ка! Тексас и кошули исто што има се ОК. Патики втор пат зимам и вака и тие ОК личат, ама зависи кои, имаат и многу тешки. @wannaBeMomma Reserved види, јас видов убави јакнички по ОК цени. Синсеј бев пред некој ден, ако идеш на шетање влези, инаку баш за нив ич не крши пат. Јакни и елечиња љскааат ауч, а па дезени Мене ни за преперување не ми ги бива, нешто што најмногу мразам да ми се извртуваат рабови! Последно и на Зара тоа се дешава, а цените им се машала тродупло Златно Вајкики, уште нешто асално да донесат
Мене па зара последни неколку пратки ми се погодија топ. Тие тенките блузи сите до една меки премеки, претходно не беа толку квалитетни, а ги начекав по 500 денари 3 во пакување. И блузоните добри. Е затоа јакните навистина им се топ. Плус и лани порачав за оваа зима, и зимава за наредна, за 1000ка топ јакна. Оваа сега што ја носи е окер и ја перев 10тина пати па во сушара, како нова е. Ваикики не се откажуваат од дезени со коли и мотори.
Од Зара јакни и елеци им се топ, ко што кажа Емка. Фармерки исто, и за возрасни и за малите. Ама долни делови и маици мене се лом ми станува за кратко. Ластичето ми попушта, рабовите ми се вртат. Ништо не е како шо им беше. Мојот веќе е во делот за големки деца, а таму ништо посебно не ми фаќа око.
Мене пак јакните од Зара ми се покажаа многу лошо. И лани и годинава по прво перење се расипаа и морав да земам нови, и мислам дека јакна нема пак од таму да купам. Се друго од Зара ми било сосем солидно.
Оваа е со пердуви, ја перам и сушам на програми за јакни и супер е. И другарка ја има истата, двете дечиња ја носеа.
Очаен е делот за "големи" Ај што со дезени се скарани, ама па и дебели како за пролет и со многу полиестер.. А и цените им се дупло поскапи кај тие до 4-5г @MilaSs12 не дека ништо не ми се погодило, ама во глобала не се некој квалитет. Вајкики до 4-5 имаат и некоја фина мода, ама над е траги-комична
Тегетната зимска јакна што си ја зела е супер, ја пукна од носење малиов, којзнае колку пати ја перев. Топла, мека, убава. Ја зедов 1200 есента. Ланските блузи од Зара ги носи сега и сите ми се океј, ништо не е испрдено. Е од годинава што ги нарачав за следна зима, ќе видиме, се надевам дека не се ептен канта.