Јас му ставам зимава чорапчиња. Температурата негде околу 22 степени е ноќе, може наутро накај 4 и нешто пониска. Боди на кратки или долги, во зависност од дебелината на пижамчињата. Понекогаш му ставам тенко ќебенце плус, ама го фрла.
А што е предноста на вакви вреќички? Зошто ваква, а не затворена вреќа? Попријатно им е во ваква со ногавици? Прашувам бидејќи не сум користела никогаш вакви, а баш ги гледав онлајн на Бебе Хоум, па немам претстава ни колку се дебели нивните.
Подобро е за деца што стануваат и одат да не се сопнат со обичната врекичка ако стане да оди, мое мислење улетав ќе ми извинете
Па јас искрено пробав со обична и се нервираше многу дека не му се слободни ноџињата, па затоа ваква зедов и се погоди.
Има уште пред месец, ама избор без избор Воглавно на нет што ги гледам (My store порачав јас) , во живо само Џамбо што бев, имаш и Локо, Крш. Скоро сегде се истите само различни цени.
My store, Dzidzi, Muppet, Локо кроко.. Воглавно сегде се исти со различни цени. Јас оваа ја зедов ама ја продавам, за 4-6г, бар така стоеше на сајтот, од Мy store е. На мојов горното му е лабаво, долното кнап, 4.5г.
Многу споро ми отвара mystore сега и на другиве ќе видам , она комплицирана е уште не знае што сака , од полицаец докторка , на елза фрозен заврши , па денеска супермен , па сега а маче да била ако не Мења ум секој саат , ќе си остане без костим така ми стое
Маче нема да најдеш, уствари Џери имаше ама очај маска, а и ретко кое дете ќе се сложи да покрие цела глава. Касно ми текна, златен Али, а и страниве ич не се креативни, можеле и они со време да порачаат
Кај да барам убава маска снежана, ама да не е како мушама . Лично таква маска не ми се свиѓа, ама женскава моја запнала тоа да биде...