Дали сте порачале маска од dzidzi kids shop и како сте задоволни или да порачам од my store? Разликата е 100ден ама барем да издржи неколку часа
Ние имаме од Џамбо, комплет беше со други додатоци за пожарникар ама од пред година ипол ни е. Сепак колку што памтам имам гледано и отпосле, сега баш не сум сигурна
Да ве прашам нешто.Ќерка ми на youtube гледала на некои родендени како се прават калапи од рачиња на децата.ги ставаат во некои течности во калапи и излегуваат калапи во бои.Каде би можело тоа да се купи или пак некој да се занимава со тоа
Не сум видела кај нас такво нешто. Инаку мислам дека за восок станува збор, се става во восок раката, па во вода, па во восок, па во вода и така додека не дојде подебело тоа за да може да се извлече раката...
Од My store, ужас мал збор маските. Не вредат ни за 50 ден. Не нарачувајте Сега ,пак во потрага по нова
Која маска ја купивте? Јас ја видов оваа @joy1 што ми ја предложи во Локо Кроко ама нема мали бројчиња а за материјалот да не зборам. Сега едвај прифати штрумф, гледам тие се 950ден, ваљда се поасални Беше ли некоја во Џамбо? Има ли таму избор?
Погоре ти убедуваше членка дека сите се такви за една употреба Епа није свеједно кога треба твое дете да шета таков @Minnie-e не очекувај дека ќе биде нешто многу поарна, нијанси се во прашање Најдобро да видиш и купиш. Џамбо, полицаец, доктор, пират, каубоец, војник.. Некое животинче нема..
@emkaemka ме изнасмеа. Инсекташот сакаше бубачка да биде . Ако се согласи да е Хулк што го имаме дома ќе биде супер инаку Сега се враќам од Локо Кроко по втор пат, овој пат се погоди продавачката и ми најде бројче нинџа желка од 800ден. Материјалот е подобар ама мене шарата ми е тапа. На мм му прави мерак, мускули имало . Ќе видиме после како ќе стои на малиша
Продавачките се ужас, дрвени играчки незнаат што се Уствари само една продавачка не ја бива. Барав една гаража и ми тврди дека немале таква никогаш и отварам на фб пред неа и вика аа па оваа нее од кај нас викам овде што пишува Локо Кроко Мојов од спајдермен на буба мара отиде
Вчера ми рекоа дека само Бетмен има за мали деца, ми покажаа веројатно најголем број од едната нинџа желка и толку беше. Може и дека гужва погодив