Мислам дека се поголем калап од најк, како адидас. Ке нарачувам на среќа. Да, ама мора онлајн, ги нема на штандови, барав.
Кај нив на страната видов дека има во ист гејт продавница? Или ги нема тие модели. Ми испратија и size chart https://ipanemaseychelles.com/pages/fit-guide
Ова се модели од лани, јас кога бев уште немаа извадено летни модели, пред 1 месец некаде. Сега можеби и има.
Кажи што ќе земиш , моево моментално носе Најк 22ка , мислам дека за сандали ке е 23ка пошо тек и на лето ќе ги носе. Адидас патичиња 21 мали му се , а 23 малку големки
Јас до сега само најки му земам и немам збунка со броеви. Лани зедов 24 ипанема и сега сум на мисла дали 25/26 дали 27. Најки носи 27 моментално со тоа што ги почна сега. Ама на сандали нема чорапи и тоа ме пишманува. Плус ипанема за број 25/26 вели 16,2 цм, а најк 27 се 16 цм. Тенко ноже има, целиот е тенок, мислам дека во 27 ипанема ке плива. Најки сандали ми се скапи.
За моево како што гледам 19/20 , 13цм е одговара моментално е 12цм стапалцето негово некаде , а 21 на ипанема па се 13.5 цм ќе плива у нив , или ќе му израсне толку ноџето на лето Овоа стварно збунка ми е , со ќерка ми вакви пр немав , тенко мало ноџе се знаеше бр се , кај син ми каша попара дебелко ноџе и тој има , ќе има утки со нарачување гарант. Скапо е Најк да кај нас и мене не ми се дава толку.
Емка ги гледав овие за син ми црно со бело и ми се допаднаа за на лето. Кажи ми дали се соодветни за жешки температури. Лани имавме едни буквално само со мрежа и цело лето партал ги направи значи само мрежа беа а овие какви се? Тенки се? Се луфтира ногата? Сакам конкретно летна патка со мрежа и лесна. Иначе на заландо се и не можам да ги видам.
Лесни се, се виткаат, не се широки и не се само мрежа, како гумирано нешто со мали дупчиња ќе му дојде Мислам за во сред лето ова ќе поти многу, јас за во вода му ги зедов, за Охрид кај камењата. Мислам тоа им е и намената, не дека нели не може со нив и да шета..
Размислував и јас и не се ми за во лето. Јас барам со дупчиња ама најк адидас и пума немаат ништо со дупчиња за на лето. Лани маж ми зема едни најобични со дупчиња и цело лето ги изнаноси па ќе барам такви. Пошо сандали не ми се практични. Овие ми се покажаа одлични. Ништо, фала за одговор важно падна одлуката за не.