@emkaemka Каде да најдам купачи освен зара и окаиди? Сакам два пара да земам, а по 800-900 се. Има некаде со нормална цена?
Дуфи дур си тука да те прашам. Зашто не ми ги пронаоѓа на фб Азуро и Мите спорт? Сакав едни сандали гледав за малото но цела недела не ми ги пронаоѓа.
Леле не знам да ти кажам. Бев во дуќанот пред 2-3 дена и гледам скоро и да е испразнет. Веројатно немаат повеќе количина. И инбоксот им е пребукиран. Ама тоа вака си трескам, претпоставка. Сега кај мене во маало ќе отвараат, ама што ќе има ќе ве известам.
Ќерка ми неможи да смисли нозете да и се во вреќата , пчаче вришти. Затоа и јас купив со ногавици , кога ќе си ги види стапалата , дека и се слободни , се е во ред. И чорапчиња обавезно.
Тука ќр прашам како најактивна тема, во сити мол сум ич не ми текнува детски наочари за сонце кај да побарам а кратка сум до време.. Помош?
Јас не сум видела, исцело да имаше лани до 4/5г. Јас планиран од Банз да му порачам или од една продавница за кајаци во Охрид, тенко и тесно, имаше и на долги и кратки. Окаиди лани заврши работа ама не е за него, многу широко. Зара имаш и по 600 Вајкики ако не се тие две продавници. На друго место што сум гледала: Котон, Сара фешн, Пенти, Бонати. Треба да се провери и во Дефакто и Синсеј во Ист Гејт, ако има би биле со супер цена.
Гледав едни сандали и сега ми текна, се утепав од барање како дс се избришани профилите. Пиши ќе те чекам. Фала ти
Има ли некаде патики под 1000 ден, небитно какви буквално за да ги искине по паркови и лулашки? Ми се смачи од перење. Бели најобични маички исто ми треба и каде има поевтини шорцеви и останата летна гардероба? И Ваикики не е тоа што беше.
Патики за надвор земам од Ваикики, по 600 до 800 ден ги начекувам. Поефтина облека веќе нигде не се наоѓа искрено, сегде цените "плафон" направени.
Ептен, вака на секое идење до Капитол ќе купам по нешто и не го осеќам ама кога ќе видиш за да обновиш цела гардероба пола плата ќе отиде. Од лани ништо не му е точно, сега морам одново цела летна облека да ја купувам, а прасе се прави на лулашки и од храна. Скоро секоја маица му е со флеки, бар евтини да купам за играње.
Бела обична маица има во стружанка ,околу 150ден. Поефтини патики види во Фло,мат стар,обуча метро... За облека види синсеј ама посветли бои зошто избледуваат брзо