По локални продавнички да провериш. Јас од зара начекав многу попусти и се обновив, имаше маици по три во пакување за 300-500 денари, скоро се обновив тогаш. И за зима земав работи. За дома има нешто и од лани што го носел поголемо, и онака во висина оди, шорцеви се ке му е таман, плус и пампи не носи сега, лани тоа додаваше. Со цениве се занеле сите искрено.
Вајкики кај Ретаил имаш и по 99ден маички, 150 и 200, поскапи не сретнав. Клот бели еден куп или со мала апликација. За шорц се шкрти, ако најдеш од 200-350ден. Ама живци треба, многу разместено, преполно е со партали. И за нас има фустанчиња, маички, кошулки.. Патики јас пре би удобни неголи било какви, скоро сите дечиња сега шеткаат со зелен ѓон, па и мојот
Обично кога се големи распродажби земам за следна сезона. За 100евра во Јануари кога беа попусти земав 3пакети Зара за следна зима од јакна, џемпери свашта... Долго време така купувам, зошто сезонски да треба да земам цела плата малку ми е
Патики Спорт М гледав останато некои бр имаше по 1100ден. Исто и мат стар види и таму може да се најде. Ќерка ми па изведува кога вози точак , кочи со нога , и се излижа напред и само купувам и јас обувки за надвор кога игра
Да викики ист гејт. 399 денари. Каков хаос беше добро што најдов број. Имаше и други убави ама не успеавме да најдеме број ни јас ни маж ми, две исти работи немаше на исто место/
Види онлајн на страната на sporvision патики на champion или reebok се наоѓаат такви лесни за трчање пролет лето ,јас и купував секое лето на големава за по надвор некои 800-900 ден беа,ако сега не им се поскапени
Фала ти , е сега уште 1 прашање. Online ќе ги порачувам . И гледам 25 -14см Изгледа голем им е калапот? Патики на најк адидас купувам 22 . Им ј мерев влошката 14 см им е . 2 години сме .
Лесно се вади влошката, еве . Најкот не се дома , попладне ќе ги мерам. Сакав сега да ја извршам нарачката , ама само утки правам . Реков да се исконсултирам . П.с. со мајсторско метро мерено аххахха линијар јок во куќава
Ме збуни дека рече 22ка, а 14цм. Би требало 25ка да е тоа. Адидас се за 0.5цм поголеми од најк. А за влошката, ортопедот еднаш ми рече дека на оригинал патики се вади влошката. Кај моево на адидас и најк се залепени, досега сум извадила само на конверс, ванс и најк што не беа купени од тука. Не знам дали е точно тоа што ми кажа.
И јас потврдувам аддидас 22јка, 14цм е влошката. Едните се женски едните машки ама исти се во големина. Наводно одговара на 12.8цм стапалце. @Lady Leona најверојатно тоа 25-14 што си гледала е да одговара на стапалце 14цм а влошката сигурно е 15цм па и повеќе..
Значи мерките што им се на веб страните фактички се за колкаво стапало одговара? Цело време мислев дека е мерката на влошката. Немам нарачано од нашиве онлајн, цело време мериме во продавница. Да бе стварно, еве мерев сега. Најк 21 е 13цм, адидас 22ка е 14цм. Ццц, во колкава заблуда сум била.