И ние тоа после неколку дена го откривме. Плус го монтирале вечерта на полнок после роденденот и на мм му останале вишок делови. За другиот ден да сфати дека не го заштрафил седиштето за рачката, а делчињата не може да се сети каде ги ставил.
Две литри сапуница за балони правење имаме пиштол и онакво стапче за дување, ама ни се потроши течноста. И нов пластелин( втор за еден месец) само одма го извади, не стигнав да го сликам цел.
@irena.1 сапуницава од Џамбо? Не сум видела до сега, а големово баш многу сака да прави балони. Има да се израдува
Да да, од џамбо. Имаме едно пиштолче во форма на риба ( го имам постирано претходно) не е на батерии, туку со некој механизам и супер прави балони. И плус шише од пола литро со стапче за дување со повеке дупчиња (и него го имам постирано) и тоа е добро. И по цел ден балони правиме. Па затоа сега само течност ни требаше.
Колку ја плати сапуницата?Каде ги правите? И мојов сака да дува ама дома ни под разно,ај ламинатот лом што се прави,туку неколку пати се лизна и тоа ептен убаво.Забранив играње со тоа.Може само во парк на трева и на викендиче.
Мисија успешна.Најдов гаќи со Дино.Трипати испрани денеска,значи одвикнувањето од пелени баш не ни иде сјајнонема откажување. Во рок од два дена купени се и три комплета Paw patrol, исто толку диносауруси и два пиштола на вода.Повод да го искарам мажми