@Baby-hope* @emits Се е купено од Ист гејт. Маичките од втората слика евтини беа околу 200ден мислам. @Minnie-e Од Белина во Ист гејт, 1415 ден. @Emotional123 Едни беа 899ден., другите околу 600ден, ако памтам добро.
90% од облеката што ја носи е од машките делови на ваикики и зара освен фустанчињата нормално. Љубов и се бетмен, спајдермен и диносаурусите.
Цела недела го мачкаме со него, супер е. Убаво се размачкува, се впива, не остава бело Да, од Белина, го нема во Зегин.
Добро не до толку за со спајдермени ама поубави ми се боите. Минт зелена, светло жолта…Ич не сакам розова а баш и бебе кога беше кога купував сѐ за таа возраст беше или бело или розово. Сега баш средував фиокарчето, ништо розово немам а фустанчиња да, има убави особено во ваикики. Иако не ѝ носам многу, најмногу во хеланки или кратки пантолчиња и маички е. И за чевли поубави ми се машките. Поедноставни, во неутрални бои, со сѐ да можат да се комбинираат.
Па во право си за боите да ти кажам. Јас розевите не ги перцепирам, обично во жолтите се загледувам. Тие бои и мене ми се убави
Мамички дај предложете ми каде може да најдам некое летно убаво, дотерувачко комплетче за 3-4 години, машко? Ни треба за роденден. Најчесто ни нудат по долги посвечени комплетчиња, а не сакам толку да го наоблекувам.
Кошула со кратки и шорцеви. Во зара секогаш има штосни работи само не знам дали има кај нас, на апликацијата има. И ваикики може да се најде. Тие комплетите од продавници како за возрасен никогаш не ми биле убави.