Да нарачаш од Росен козметика, има на инста страна, предобри се и пренежни а не се којзнае колку скапи. Јас се токмам да го земам за мене кватро сетот. Има и за мајки и за деца специјални. Имаш спрејче мислам, шампон и некоја маска ли е што ли е. Ги рекламира на инста ФрауАлексич ако ја пратиш.
Јас не бев сигурна, зошто кај нас не е позната козметиката, ја прашав снајка во Србија, она вика Кај нас мајките на девојчиња се колнат во Росен, она и ми кажа за кватро сетот, она има коса до под газ а и е свилена мека, убава, здрава и вика и она го користела.
Благодарам Парфемот е од наша Zara, се останато од Србија. Капчето од Pepco, маичката со Мандалориан е од H&M, а со бејби Јода од New yorker.
Мајки ако може мала помош Каде може да најдам купачи за деца со ракавче, сум видела само од banzmacedonia, од таму не ми одговара цената. Исто ако може да ми кажете од каде купувате памучни гакичи, 92-98мица носиме и се спремаме да им кажеме чао на пелените
Вакики и окаиди. Иако моја препорака е да не купуваш. Од искуство. Памучни гаќи во овие продавнициве за долен веш, или зара ваикики.
Види и Кали имаше топ моделчиња. По 300 ден беа. Пиши им на фб ако има некаде ќе ти пратат по Карго или ќе одиш кај што има.
Ви благодарам мајки, купачи не најдовме, ќе бараме уште ама гакички си најдовме во тритекс, преубави, мекани, памучни…. Ако и треба на некоја мајка да си земе од таму
Дали знаете каде од овие што препордаваат на фб/инста детска облека можам да најдам од брендот reserved? Знам дека има во ист гејт ама тоа што го барам го немало. Или некој ако иде натаму пак да ми провери?