Баш ќе ги разгледам и ранерс. Само он лајн имаат или има продавница да ги видам.? Јас нарачав едни од д-спорт, само уште не ми се стигнати. Гумени со крзно внатре. Се надевам нема да пропуштаат. За дожд, може и некој снег да поминат. Вакви.
Од овој бренд имавме планинарски кондура/чизма и солидни се покажаа. За разлика од тој тип кондури не беа многу тешки.
Мами кај да најдам така мекано тенко јакниче како за преоден период, не шушкавец, (сега за наесен? Лани земав од бејби центар со мини маус, памучбо скроз со текнко полнење . Ама сега немаат.
Мами мислење за јакнава од Зара? Дали е за на зима или за на есен? И јас сакам да порачам за на зима ама не знам за која да се одлучам… Ако имаат искуство и други мамички со јакни од Зара
Зависи од зимата Оваа конкретно не е баш за зима. Есенска поише. Тие баш зимските дебели уште не се извадени во Зара. Ни детски ни за возрасни.
Ако уште не си земала чизми... овие се убави - не пропуштаат, ама се незгодни за одење. До мах 20-30 мин може да оди, после се жали дека не може да оди, тешки се, и триста други изговори. а и зимски се. Секако се веќе добро познати на форумов.