Јас на мојата преку 10 гаќички и имам земено од Џамбо и супер се. Дури и од тие еднобојните без некој дезен по 30 ден. што се. На 60 степени ги перам без проблем, ниту ластик пуштил, ниту се протегаат, одлични ми се.
Вие барем опседнати со женски лик... Кај нас опседната со Спајдер мен! Веќе износи едни спајди влечки, капче Спајди имаме, кофички исто Спајди, неколку играчки Спајди... Објаснувам дека е за машки ама она е возбудена од ликот. За маскембал плачеше оти не беше маскирена во Спајдермен! И смешна ми е и ме нервира истовремено! Сега во последно време Кучињата во патрола и се омилени па се надевам ќе мине ова со Спајди! Инаку јас не сум и купила ништо спајдерменско, ама татко и го прави ќефот!
Е и мојата е импресионирана од Спајдермен Вика торта за следниот роденден ќе била спајдермен, исто и во последно време ги сака и Патролне шапе
Не ми се свиѓа било каква опседнатост, претерано е, па посебно кога ќе ги видам по улица облечени од глава до пети во некој цртан филм. Барем тоа го избегавам, уште не пребира сама во бутиците Инаку не ми смета да гледа било какви цртани, не ни треба да има поделба машки-женски цртани. Ме снајде баш тоа што не сакав, принцези, замоци, круни, долги фустани, омилена боја и' е "пинк", и така... Се извинувам за оф топик.
Леле колку е најслатко, од каде е , сакам за една внукичка И тренерчињата на @danichap пума многу ми се бендисаа, од каде се? Би сакала за синко такви (мислам може и за машко) нема ништо црвено
Лелее...800 парчиња има? Јас од нашето џамбо за 300 денари купив само едно шише со 15 коцки мислам. Баш ќе проверам дали вп скопје ги имаат овие донесено.