Здраво мајки, во период на подготовка сум на керќичката за градинка, и по препорака на ортопед нарачавме топлинки од Декатлон од Софија, меѓутоа испадна дека броевите не одговараат на стандардните. Така да, доколку некоја мајка од Скопје има потреба од топлинки за девојче број 27 кој одговара 26 би ги продала за иста цена како што се купени
Напиши Trunki на google, ќе ти излезе онлине продавници во Мк што продаваат, нашево е од Amazon. Го препорачувам посебно за тие што патуваат со авион многу, спас е.
@monik55 од каде шопингов? Мајки со дечиња околу 2г едно прашање. Сакам за подарок да купам тренерчиња на Breeze (втор роденден) споредив два модела и едниве што ми се свиѓаат се малку поголемки. Има ли смисла да ги купам број 2? Некако тројката ми изгледа многу голема
Купи 2-ка ,јас сега добив 2 ка од брезе за ќерка ми (нема уште две години за некој месец) и ок се ,3 ка ќе ги носи догодина,сега зависи ти како сакаш ,а и колкаво е на раст детето.
Reserved Убав квалитет се а и лични. Имаат и долни тренерчиња и блузички на долги ама тие одма отидоа на перење. Брезе откачија со цените сега бев до Канеј тренерки комплет со попуст 1100 ден,за тие пари има и поубави и поквалитетни.
Елеците мислам дека едниот беше 1100 другиот 1390 дуксерот 900 а јакната 1100 ама сестра ми начекала и 20 % попуст.
Дали е возможно да најдам вакви или слични на овие патики битно да се височки? 28 ца се свртев нема нигде.
Мислиш многу ке се големи? Јас би купила поголеми секако. Да ги носи и во пролет. Ако е крупно детето ке се кнап. Синко за роденден доби подароци кои ке ги носи само летово, маиците кратки му се. Убави и квалитетни ама џабе, висок е и му се смалија.
Тешко, бар овој модел. Овие се од предминатата година, имаше и малиов. Лани се превртев онлајн и само по некое залутано бројче имапе останато од сите комбинации на бои. А ептен му беа погодени.