Ова е продавницата во Сити Мол на спратот каде што се спортските продавници, ги зедов 2.790ден ама стварно се многу лесни иако изгледаат можеби круто, имаше голем избор и за момчиња и девојчиња многу убави модели, цените на помалите бројчиња беа по околу 1700ден, продавачот прав срцка не сакаше ништо живо да проба па ајде го фати за рака почна да му зборува успеа да го убеди стварно реткост се такви продавачи. Ги испофалив ама секоја чест зошто општо со детево ме фаќа паника ко ќе почне да писка да бега…
Пижами детски со нормални цени, под нормални мислам на 300ден нека се, зошто 800-1000ка, па и 500ден мене ми се премногу за детски пижами што ќе ги носи година макс. Каде да барам? Со оглед на тоа што ќе треба да купам едно 3 пара најмалку.
Вака убаво е. Имам зимска јакничка. Па се мислев целосен да и земам. Оти е како скакулец маЛа (9-12 носи од ваикики)
Јас планирам да купам на силви стајл ,супер дезени и памук. За моево две години се 350 ден ,за поголемки не знам ама сигурно не се скапи.
Да. Ваикики нема утка Мами ние сме доследни на килажата. Си износуваме уште пролетна гардероба . Имам лански скафандер мекан дебел 74ка е. Лани пливаше во него. Сега гарант и е точен. Ама со стапалца е . Ланската јакна уште ни е точна, си ја носиме. Абе шпараџика дете си имам.
Кај мене баткото Вајкики носеше и уште 2-3 години после напишаното. Дури летоска складирав маички 3-4 години, долни тренерчиња 5-6г уште си ги носи, има моментално 6ипол.
Јас пред две години зедов од кај нив преку интернет ги нарачав исти модел како ова година ги износи синко преубав квалитет јакната е многу дебела внатрешно и ова година планирам од кај нив да земам ако купуваш едно броче поголемо или две зависи од детенцето