Аааа ама твоето носи поголем број. Си реков не се толку, знам ги гледав овие https://www.buzzsneakers.mk/cizmi/258115-nike-cizmi-flex-advance
Ех, тоа е, растат... И децата и цените. Гледам дека чизми поголемки бројчиња најчесто се 4000. Искористи сега и толку, ќе порасне и ќе бара од 10.000
Не е дека не можам да ги земам. Ама научив дека не треба да се фрлаат пари. Првата зима му купив тимберленд 3000. Полошо потрошени пари нема. Дали 5 пати облечени, во патики бараше, зимата топла беше. Сега шетаме по 1 час и тоа не секој ден. За толку не ми се даваат 4000. Да оди во градинка, школо итн нема проблем. Сега штедам на вакви глупости.
Какви Тимберленд, крути прекрути се сите за кои сум се фатила. Лани мојов помина само со патики, секој ден излезен. И во нив претопли нозете бидејќи трча цело време, не знае нормално да оди. И годинава гледам дека со патики ќе си помине, раат сум. Да оди полека, да шета така или да седи во количка, па ај да барам чизми. На толку трчање, можам да замислам какви ќе му се нозете ако се со крзно внатре, жива вода ќе му се чорапите.
Син ми е 3 и пол и оди за раче. Си трча на игралиште, ама до таму оди, правиме муабет, јаде банана. Сега има најки стар ранер ли беа, со мрежа се и да дувне ветар ке му е ладно. Инаку тимберландкиве си беа добри, свивливи ама дека над глужд сигурно не му биле удобни. Од бејби модели, потенок ѓон, ама не ги сакаше никако. Ми е жал ние стариве во тимберландки а син ми ви нешто чкљ. Согласно околности ке си носи зара.
Ова е веќе друго. Едвај чекам да оди за рака и да не трча ко прленце цело време. Па и за нас стариве не се нешто меки, барем не класичните чизми од Тимберленд што се до глужд. Ги носам, но не ми се меки, крути се.
Не се меки, ама па мене ми се убави, модерни и топли. За меки не се, јас како што сум си фан на најки исти како синко, чизми секакви ми се крути. Од каде се чизмите? Цена? Фала.
@0ли @MilaSs12 Лани му земав тимберленд и ги носеше понекогаш. Годинава пак му земав и само во нив сака, а овие покрути се од ланските. И мене ми се крути ама пак некако ми легнаа на нога оние класичните, а сега земав црни едни преубави, на маж ми на глава му се качив. Леле луѓе, понеудобна обувка во живот не сум имала, стапалото како во цевка, педалата во кола не можам да ја згазнам. Ако ви текнува Моника во Френдс кога ги мењаше патиките и оние скапите чизми пред да влезе дома? Е така јас во кола патики си имам, срам ми е да кажам дека се ултра лоши, а и жал ми е прејако стојат Сега се мислам со овие на син ми што да правам ама ваљда ако не му се удобни нема да ги сака. Утка скроз.
Јас и маж ми имаме црни класичен модел. На се можам да си ги искомбинирам и ми се топ. Вода снег немаат мака. Ги начекав за некоја смешна сума од 3-4000. Сега се е изгор скапо за деца. Плус па и грди. Диновци, снегулки, тегет... Најки да беа до 3000 би ги порачала веднаш, ама 4300 не бива.
И јас земав едни Timberlland пред 2 години за 3000-4000, ама junior модел. Јас не успеав да најдам разлика помеѓу моделот за возрасни и џуниор. За моето се мислев сега дали да лупнам 5000 и додека се мислев ги намалија на 3500 и пуштив срце.
Два пара начекав такви. Имам и розе, во февруари ги купив за смешни пари. По еден пар, на 70%, ама си листам постојано. Адидас патики од 12 на 3 начекав. И за син ми си купував по 1200-1300, по еден пар резерва си стоеше ама на попуст и си чекаат ред. Маж ми со 20% едвај ги купи.