Во Германија Најк чизмите се околу 50 евра, ако имаш некој да ти ги донесе. Знам, бидејќи ги гледав истите за моето. Може пред празниците ќе бидат и поевтини.
Знам, ама немам никого. Плус сакам да земам деновиве, доста е ладно, јас почнав чизми, синко во гумени за дожд оди, ама внатре имаат нешто како крзненце па ок се.
Ми текнува на Моника Од класичните детски купувам за мене, преубава боја имам сега и ептен ми се погодени со јакната. Ама па не знам, како картон да носам За разлика од нив, патиките ми се погодени. Мм па не сака да чуе за класичните чизми, сите такви имале и не сакал, но затоа не знам колку пара патики и кондур-патики има, сите му се погодени и ги скапува од носење. Дајте некој модел детски удобни и некартонски препорачајте ми, имајќи предвид дека малиов не оди, трча.
Исто и мојот, сите нијанси на плаво и сиво, мене ми се сите исти. А за малиот ако мислиш на чизми, адидас се удобни ама пак не е како патика, глуждот не е слободен.
Адидас и најк. Рачунај дека чизми се генерално потешки и над глужд, па се и помалку удобни. Скечерс какви броеви имаат во споредба со најк?
Вуди дали има на копермајнер модели. Пред две години износе едни. Зимска патика кондура, како планинарска, ама не беа тешки. Лани слабо имаше модели, оваа година не сум погледнала
Не сакав чизми, нешто како кондурчиња ама меки и лесни. Со чизми нема да му е пријатно. Да не се над глужд. Леле Скечерс колку ми се грди детските значи, не знам ама ептен. Такви со огнови и пламења, ич не ми се убави. Ако најдете некој модел саглам и да не е нападен, кажете. Каде да видам?
Артурс и д спорт мислам ги држеа. Сега на артурс нешто не им е во ред страната. На д спорт ги имаат. Јас баш овие горе лево му ги имав купено на мали .
Имаме купено лани слични вакви, ама на патент се, не со лепенка. Не се тешки, лесни чизмички се, ама не е свитлив ѓонот. Задоволна сум од чизмите и убави обувки имаат. Ги земавме директно од продавницата, не онлајн, ама не верувам дека би имале проблем.
Ние се залетавме за терекс, готово ги пробуваме, спремни за на каса, ама на маж во последен момент му текна дека него го болат нозете кога е во терекс и ни беше страв , зошто нашиов освен трчање ,право да оди незнае. Зедовме едни champion, ќе видиме како ќе се погодат. И копермајнер лани имаше, супер беа. До полани земавме само терекс, ама помалите бројчиња , тие се супер удобни и не се со такви “карпони” како на копачки одоздола. Јас нарачав и од декатлон едни, мислам ќе се погодат. Мое дете ни на планина до снег колена не пикам во чизма со крзно Каков е с’ктлеџија нема шанса. Вакво нешто ни е ептен погодено, чизма-кондура