Ти благодарам, куклата ни е подарок од болницата во којашто лежеше ќерка ми,рачна изработка е. Минуваа кловнови и делеа подароци на болни дечиња. Во Германија е болницата па мислам дека не е личноста што мислиш.
дечкото порасна уште од 5 години сака да се дотерува само со фармерки и кошули а и каиш како татко му а фармеркиве не ги сакал дека немале за каиш
Женски интересни новогодишни пижамки каде сте виделе? Обично ги избегнувам последниве години зашто кратко се носат ама им требаат за пижама парти во градинка па ќе си ги носат сега подолго . Барам штосни ама и удобни и квалитетни да не фрлам пари за две облакања
Јас во ваикики купував неколку годи ни по ред. Ланските ене уште ги носи и не се мрднати. Само оваа година аздисаа со цените
Ваикики и Силви стајл. Од лани има од Силви и уште ги носи, како нови се а мислев дека ќе се излупат буквите. Има убави дезени и годинава.
Extreme Intimo aко ти се даваат пари. Стварно се поскапи ама преубав е квалитетот. Лани имавме такви новогодишни и не ги соблековме. Пери носи цела зима, па и пролет додека не ги надрасна. Сега порачав од Зара 799 денари па ќе видиме какви ќе се.
@Minnie-e овие се на breeze 500 ден. ги имаш по локал дуќанчиња. Му ги земав на синко , ептен пријатен памукот Кошулче Без парфем не искача, бираше у зара , све живо помирисна арно не му се слоши
Од каде се пиџамките, ја добив сега исти вакви за роденден од Вајкики ама за деца нема а сакам сите во исти да бидеме за Нг, немам видено за деца.
Фала ви на сите за помошта и одвоеното време што пишавте за искуства и предлози за водоотпорни чизмички. Ги нарачав Кандерот Се надевам дека ќе му бидат топли и суви стапалата