Ти одговорила членката . Имаше повеќе различни. А големината е иста на сите. Барем на овие што ги имаме ние.
Каде да најдам детска престилка за готвење а да не е 1000 денари? Ги гледав во storybox ама скапи ми се.
И првото пакетче од Дедо Мраз стигна, кај тете дома и тоа, ние не сме биле дома. На радоста и нема крај, ни останува уште еден од главниве сетови да ги купиме и после мирно да се спие. Лего Супер Марио стартер и основната стаза ги имаме, Луиџи го имаме и останува Јоши да го набавиме сега. А од писмото за Дедо Мраз ни недостига само Лего Соник.
Од Локо Кроко, тоа за боење е 180 денари, магнетите не се сеќавам ама не беа повеќе од 500 мислам. Имаат они понуда до 31, за деца кои живеат во Ск, доколку купат нешто кај нив, може да си закажат термин и дедо Мраз да им го донесе поклонот, така направивме и беше радости дома.
Баба и дедо ја купиле во некоја нова продавница во новите згради кај што е Локо Кроко во Аеродром, а цена не знам.