Има и за машки, само за возрасни никаков избор нема. Ама затоа за деца и работи за по дома да не знаеш што попрво да купиш. И преефтино е, со маж потрошивме некои 100 евра сосе детска облека и работи за по дома.
Супер. Лани мм изнакупи за малата. Пролетно имам. Ама ќе напаѓам и јас за летна гардероба. Летното кога го вадат?
Син ми е слаб со гардероба, се што му облекувам од есен му е смалено, кусо петле е во тренерки кои му беа долги. Ми треба нешто со нормални цени да обновам се. Фала.
Па не знам кога вадат ама имаше така доста пролет/лето облека, зимно скоро па ништо. Мада сигурно допрва уште летно ќе има пошто не најдов шорцеви и барав некое елече така за пролет. Повеќето беше баш за пролет, потенки пижами, буриња по кратки, тенки јакнички.. Имаше некоја акција на маички по кратки плати 2 земи 3 нешто така и тенки блузи на долги ракави. Тренерки не најдовме а баравме се што беше изложено дебели беа и така. Али гужва ... Иначе Пепко Врање бев и од тоа што гледав на страната да сум спремна само 2,3 работи најдов што малце ме разочара али тоа е.