Мајки препорака од каде да купам душек за детски кревет? Нарачавме кревет со уште еден кревет на извлекување. Па ќе ми требаат два душека,еден со димензија 90х200, друг 80х190. Кога купувавме душек за спална знам дека беше битно да биде со џебно жичано јадро. Сега кај што прашав се некои вртоглави цени ми дадоа. Реално планирав по 8-9000 од душек да не фати...креветот е 16 000
Федер Бау, на партизанска близу факултет за туризам. Нашиот на спалната е некој српски, мек, абе цело тело ме боли, на синко е Алое од Федер бау, ако ти кажам на акција дека го земавме 3000ден, со попуст, нема да ми веруваш. Тврд, рамен, убав, буквално да одмориш на него, кога спијам во детска мислам дека око затварам и отварам сабајле не мрдам. Е сега со малово не можам нажалост, морам во спална, едвај чекам да го префрлам во детска да имам изговор да си легнам таму
Федербау може да ти направат по мерка. И може да бираш какво јадро сакаш. Обично жичано, џебно, па од сунѓер, па може да бираш навлака, па дали сакаш или не мемори пена итн, итн. Цените им се супер, а издржливост тестирана на детски кревет на кој веќе четврта година се скока. Спиењето е супер удобно.