Баш ги гледав денес и се мислев дал да и земам за градинка, ама ми се виде мало а имам еден малку шоголем. Многу се убави
Собира доста? Колку за пелени и нешто резерва алишта? Уште го мислам ова што го има некако поголемко е па се мислам да го чувам за поголема група кога ќе треба да си ги носи топлинките од дома
Најважно ти е колкави им се шкафчињата. Дали ке го собере внатре. Во нашата градинка им се мали и плус едно шкафче делат две деца. И јас прво отидов со поголем ранец, па не го собираше. Сега користиме еден од џамбо од грција, мал, тегет, со слонче напред.
@M&M секако ке ти собере 4-5 памперси и нешто поситно од облека.Е сега јакниче нешто такво мислам нема место. ние денес тренерки зедовме ранецот идеше 30 ден со сметка над 3600
И 2 балони со хелиум , 2 пиштолчиња ( еден со вода еден на батерии ) , дувалка за балони ( мислам така се вика она за правење балони од сјај и вода ) . Колку се натегаше за количе мало . Му велиме со мм камион да ти купиме ? Не . Багер ? Не . Кола голема ? НЕ . САКАМ КОЛИЧЕ МАЛОО И ТОЧКА . И од мака дури 6 му зедовме , и уште одма црева им извади