Малу на страна сум ама количка за близнаци не беше опција голема е, нема да се искористи, а е мала многу км да ги оди пешки.. за сега ми е практично, сама ја земам од градинка и по јавни превози со ова, подобро него да ми побара в раце, не е проблем возењето колку тоа влегување во транвај, мора да се симне.
Го видов кај ФридаМех на инста, викам ова многу непрактично личи. Што знам... ми личи ко да маваат нозете у него. Моево одеше на долги стази од мало, по 2ипол км имаме од дома до кај јатрвка пешки ги одеше, мм на 2ипол години го качи на Врв Водно пешки, сега се глупира нешто не му се оди.
Епа вика меше ја боли, глуми на сред улица се качува како мајмун за да ја земеме во раце. Ама и побезбедмо ми е искрено, него да сме кај шо е ептен гужва, се пушта од рака и ја бркаме, сама тоа не би можела. Ќе се снаоѓаме тоа е.
Мали сте вие, ако, поарно вака. Башка не си во Ѓорче, во град со многу гужва си. Да е помал мојов и јас вака би терала.
Мајки да не знаете кај нас каде има прожектор барем малку слично како @danichap имаше поназад ставено. Се претражив има некои така послаби. Сакам баш такво цела соба да се осветли.
Мене ми треба совет во врска со едно фустанче што сакам да го земам за ќерка ми, бидејќи овде каде што живеам во градов го нема воопшто во ХМ , ама го има на официјалната страна па можам да го порачам. Ќерка ми е 100цм , и се мислам дали да го земам од 104цм или од 110? Свекрва ми ми вика подобро од 110 да не и е тесен горе (а она не е слабичка вака не е па и нешто многу крупна) јас бев решена за 104, мене ми е страв тој од 110 па да не и е многу долг. И сега не знам што да правам
Кујната е преееубава во живо, Мартин е воодушевен. Плус и шпоретот свети. Ќе оставам линк од каде е порачана. https://www.facebook.com/MyToyStory.igracki.baloni?mibextid=ZbWKwL Спојлер Кафе ми правеше Количката за пазарење му е играчка бр.1, фаворит. Имавме слична помала и душата и ја извади. Оваа од раце не ја испушта. Купена е од Битола, продавница за играчки, ќе оставам линк. https://www.facebook.com/profile.php?id=100063511205062&mibextid=ZbWKwL А овие за редење ги донесе тетка му ама незнам од каде.