Од каде ова и цена ако не ти е мука да кажеш. Имаат вакво у Кидли Playground и кога и да идеме малата памет губи по него. Башка ми се свиѓа што може на повеќе начини да се склопува, да го уклучи мозокот малце. Нејсе, мал шопинг пред идење у Париз утре. (Десното фустанче специјално за таму и го купив, да се осеќа како права Парижанка)
@SuperGirl24 online го нарачавме, од локална интернет продавница (не сум во мк), што ми се чини дека ги порачува директно од Данска. Овој што го имаме е најголемиот, Dreamer Set, овде (официјалниот сајт) ги има сите достапни сетови и бои. Нашиов се состои од 34 парчиња кои прават 25 различни комбинации, иако можеш дополнително да си составуваш и измислуваш најразлични ствари, ние дома се изнаигравме. За цена не прашувај Решив да замижам зашто му е поклон за прв роденден, сакавме нешто интересно, дидактичко, што ќе му поттикнува имагинација и размислување и со што ќе игра долго (од 0 до 6 години е). Па го гледам како некој вид инвестиција. На попуст го земав 220€, инаку редовна цена му е 269€. Кај нас во мк гледам постарите модели се продавале во Бејбицентар, моментално им е останат Explorer set, можеш да погледнеш овде.