Подабар квалитет се од Синсеј. Имам за баткото од локалните продавници. И за малата ама она баш малку ги носи.
Пристојни цени. Тренерчиња комплет се движат од 700-900 денари, блузичките што ги земав се по 250 денари, а пижамите со количките (620 денари) ми се гратис (имаше некоја акција за едно купено - едно гратис, ама не знам со што конкретно ми следувале, зашто акцијата им важи само за одредени производи).
Пристојни цени. Земав хеланчиња за 250 ден, комплет тренерчиња за 650-700ден,блуза за 340-400… Квалитетот им е солиден за тие пари според тоа што сум користела до сега.
Леле какви сееее.... Мики манија и кај нас е иначе, од патиките од Зара навака, се што гледаме е со Мики