Ќерка си доби златни обетки од баба 'и, не стигнавме да ги сликаме веднаш ги стави ова подароци, еден куп ситници отворија не успеав да сликам и ова за подарок
Како си задоволна со оброците? Дали се парчиња и дали ги прифаќа детето? Мојот е 18м, барам “брзи” опции
Презадоволна сум. Не се парчиња како на сликата на пакувањето. Кашести се, со парченца внатре, има за џвакање најмногу во тие 15+ што се. Преубави комбинации има за ручек и вечерни каши без млеко, што од други производители не сум видела. Ова особено ми одговара зошто син ми е интолерантен на лактоза. Овие ми се најдобра опција кога не сме дома или кога не сум во можност да зготвам. Првите неколку пати му ги загревав, сега не му ги ни греам. Ги прифаќа одлично, досега само една ми одби (не се ни сеќавам која беше), ама ја измешав со кисело млеко без лактоза и си ја изеде.
И мирисаат поразлично од другите. Прилично поинтензивни мириси имаат, ама и мојов ги сака. @velesanka
На мојава ќерка баш и се допаѓаат ради тоа што не се "блуткави" како Хип/Холе. Што имаат многу зеленчук. И од нас голем плус за овие.
Јас онлајн, не сум од Ск. Туку долго време многу од кашите ми ги дава coming soon. Може и повеќе од месец.
Само онлајн, во Ист Гејт во Белина ги нема. И мене тоа ми смета. Голем дел ги нема на залиха долги периоди.