Пољубив врата. Немало денес да отворат. Ќе имало соопштение кога ќе биде, ама според тоа што видов имаат уште за средување.
Јас за друго отидов ама ај викам таман и таму ќе влезам. Многу неодговорно да најавиш отварање а на денот уште да се реди роба. Што е непредвидено ако робата не ти е наредена?
Ми стигна мене и пратка порачана во март, а и една со крајна достава во декември. Февруарски на пример не се пристигнати, така да зависи.
Многу нарачки направив не ни памтам кога како беа. Отприлика месец ипол - два би рекла. Се изненадив имаше една по некоја од брзите пошти, ни се јавија ни рекоа имате пратка од алиекспрес и ни доставија до дома, таа за 3 недели стигна.