мајки ОХРИЃАНКИ кажете каде да купам нешто убаво за кере 5 години ттаму сме викендов а вторник славиме роденден на братчето нешто фино урбано без кичерај што работи сабота
Ништо од ова на последното мислење не е купено од тука. Ама бев пред некој ден во Дајмонд и можам да кажам дека се разочарав. Цените се високи, имаат додадено по 500-600 денари на цените во фунти (си стојат цените на самите пакувања, а може да се најдат и онлајн). Ова кажувам за тоа јас што купив, за тие работи проверив. Друго што не ми се допадна е што јас кога бев имаше 3 вработени од кои ниту една не зборуваше македонски. Едната зборуваше српски и сите што имаа прашања ги препраќаа кај неа. Друго, немаше корпа или торба за да ставиш ствари и ако земеш една-две работи, рацете ти се веќе зафатени. Трето што ме разочара е што продавницата е мала. Очекував нешто ко Зара или h&m големина. Иначе има убави работи, особено за бебиња и деца докај 2 години, ама мал избор, зашто толку дозволува просторот. Се надевам дека барем често ќе носат нова роба, инаку тапа. Цените со 20% попуст беа ок, ама редовните цени се превисоки. Два пара пижамки, на нив си стои цена 19 фунти (онлајн ја проверив истата цена е), а кај нас 1900 денари редовна цена. Едит: бодиња воопшто не видов, само маици и гаќички имаше за поголемки деца.
Истото и јас го приметив, колку се израдував кога видов дека ќе го отвараат, се разочарав тотално. Што им е со цениве па побогу Македонија е ова, за да надаваат толку
Истото разочарување ми се деси мене кога отидов во продавницата во Приштина. Мала продавница и никаков избор за разлика од тоа што го има онлајн и цени повисоки.
И Приштина и Скопје не се официјални продавници на Некст. Некој си игра продавница. ЌќНа сајтот нема инфо дека имаат и кај нас и Приштина.
А вие што имате облека од Некст купена во Приштина , иста ви е на квалитет како онаа што се продава онлајн овде ? Мене ми имаа донесено од Приштина , со две перења избледеа и св разџапаа тренерките . А од овде имам нарачувано доста работи . По 100 пати се перени, сушени во сушара . Немаат мрднато,како нови се . Колку да не сум офф
@Bubce38 мене другарка од Малта ми носи. Пред некоја година беа џабе , сега секаде ги кренаа цените. Мене квалитетот не ми се допаѓа ама упорно си нарачував дека ми беа евтини. Маиците и блузите на големиот се развртуваат одма околу јаката.Тенните бои бледеат второ перење. Еве сега на малата и зедов фустанче , лито а 900 ден. Од Окаиди и Зара , еве и Бенетон ми се далеку поквалитетни. Е сеа не се штосни ко Некст особено за девојчињава