Од Бисер,таа најголемата продавница за трикотажа,280 ден.Квалитет не баш,ама битни се кучињатаимаше и со Маршал. Инаку,речиси во секоја продавница за трикотажа ги има,македонско производство се.
Нова за вечер, досадни ни се старите (на мене ми се) Дај кажете ако знаете барам сликовница во ваков стил, убава со целосни слики и малку текст, но да е голема со повеќе приказни
@mariz ова е една од поубавите сликовници што сум ги сретнала, а имаме многу. Нема правописни грешки и бесмислени скратени приказни, што често среќавам низ сликовниците. Е има малку повеќе текст, ама има и слики. Мене ми одговара со повеќе текст, ќерка ми се успива со сликовници и ако се кратки додека ја сменам сликовницата ќе се расони. Сега Малиот принц ја читаме.
Мојов е 2ипол, па не сака да му читам многу.. и овој текст што го има дури го раскажувам, покажувам што се има по сликите.. за секое пиле, цвеќе, бубамара а оваа баш ја гледав, би ја земала.. ваљда ке сака понатака да му читам повеќе, кеиф ми е што сака така пред спиење, едно 10-15 сликовници знаеме да поминеме пред спиење @TheSecret на која издавачка куќа е таа?
Мариз оваа првата е со малку повеќе текст, ама има убави големи слики и има 4 приказни....од витапрес (не знам во ск каде можеш да ја најдеш). Другите се од Просветно, ама се по 1 приказна со малку текст. Од овие со повеќе приказни ја имаме 365 приказни за животните, ама некои приказни толку се кратени што изгубиле смисла и немаат крупни слики....сепак даваат некоја поука. Кај нас добри се покажаа т.е ќерка ги сака оние обичните боенки и приказни..иако имаат повеќе текст ги дослушува до крај.
Незнам кај би нашла како првава... а од Просветно дело вакви имаме доста, ама сакав некоја голема за да не зимаме во кревет 15 сликовници А братучедка има една (ама стара 15год), огромна и во стил како оваа јас што ја купив сега, со големи и убави слики, па сакав таква... но барам некое време и нема
@mariz и ние ја имаме истата,има таква и со принцези ама таа е за девојчиња.Во топер има убави провери таму,има и тродимензионални. @Mayyya оваа ми се бендисува,кажи ми колкава е ќерка ти,дека и јас ја имам малиот принц ,ама се мислам да не е мала за таа да и ја читам уште сега? Мојава ептен се навлече да и читам приказни,веќе сама на памет ги знае,од што и читам и дури сама ќе си ги земе и го кажува текстот.Секоја вечер одиме на спиење со по две три книги.