Од Panco. Во живо се многу поубави и материјалот е преубав, мек. Одличен квалитет ама со цените се малку во небо. Моментално има 30-50% попуст, ама конкретно од панталончињава мислам дека останаа само мали бројчиња, за бебиња.
Попустот во Бебе Хоум искористен Да знаете на кој му треба седиште, имаат попусти. Овој е Мика Про Еко ај-сајз моделот, му се вадат и перат навлаките, се ротира 360 и е според најнови безбедносни стандарди. И е на 50% попуст сива боја. Го меркав цело време, и кога видов дека е на попуст, маж ми под рака и право таму, дури не снемало. Бебуш којзнае какво ќе е во седиштево најпрво кога ќе се роди.
20 000 ден е сега, намалено од 40 000 ден. За до 18 кг е, претпоставувам околу 4-5 години е тоа, зависи од детето.
Ако родиш скакулец како ќерка ми, до 10 години ќе ти врши работа Преубаво е инаку Ќерка се вози у џиш црвено седиште ( не го плаќав јас, па не се бунев ), ама ич не е убаво на око вака
Здраво се ближи роденден на внуката од брат ми. Сакам да и купам автомобил на акумулатор бидејќи иако девојче многу сака да си игра со колички и ја имам забележано дека се импресионираше кога виде еднаш таква количка. Пребарував премногу по интернет денес и најдов доста колички кои се околу 7-8к и ми се допаѓаат, но искрено сите се онлајн нарачка што не ми се оди со таков поклон да го купам преку нет на слепо. Прашањето ми е дали некој видел/купил автомобил на акумулатор на пластичарска за да се пуштам деновиве да видам таму. (видов дека има во локо кроко, али не се по мој вкус)
Да ние купивме од пластичарска убаво џипче пред 3год. Каква е книгава Фарма внатре,во неа се лепат магнетите?