@Anika55 , ако не е проблем да ми пишеш тука или лп колкаво е синчето? Конкретно ме интересираше за крафтс работите дали се за него? Ќерка 20 месеци сеуште нема некој интерес за вакви работи, а и некако уште ми е страв да и давам посебно самостојно да игра. Стикери лепиме повремено ама нема засега многу интерес за нив.
23 месеци е. За него се, ама не му давам се одма. Повеќето од работите на сликиве се за 3+. Кога ќе видам интересни работи купувам, па складирам и од време на време му вадам по нешто ново. Нешто ќе го заинтересира, нешто не. Моментално најмногу си игра со колички и музички/звучни играчки и книги. А најинтересно нешто на светот се играчките на други деца Стикери му се интересни ама не дека знае што да прави со нив. Повеќе сака да ги одлепува отколку да ги лепи и да покажуваме кое е буба мара, пеперутка и слично. Се витка ѓонот, не е крут.
Со играчките иста бев јас за првото. Купував и складирав. Ене имам уште по плакари заборавени, надраснати. Среќа па се наоѓаат за второво, ако не утнам некоја и за него
Абе остај, не знам кој е посреќен: он кога ќе добие нова играчка или јас кога го гледам како и се радува Вишок нема да бидат секако, секогаш има каде да се дадат ако ги заборавиме.
Ја има во Дајмонд, или имаше пред една недела. Брзо се трошат, а таму има најмногу избор со Мајнкрафт, патики, капи, чорапи, маици, тренерки, блузони. Молот по нешто, Ист ништо, инфо од вчера. Од каде?