од нанам е така? кое бројче зема? и колку е високо детенцето. Јас ја имав најмалата величина од 0 до 6м, а ја носеше до 2,5 годинки . затоа се мислам што бројче да земам за оваа сезона.
Моево е крупно дете. Таа од 0-6 ја носеше до година и пол. За зимава не ни е извадена да ја пробаме. Во меѓувреме добивме пролетна 18-36 и огромна и е. Измеѓу таа ја немам. Моментално ќерка е околу 86-87цм. Не ми е мерена одамна.
пролетно/есенска имам 6-18 и е добра да речеме. мислам дека таа величина и зимска ќе треба. оти наредната 18-36 мислам дека ќе ја лапне. 3 години е.
Од Нанам е да. Леле, огромна е Земав 18-36 месеци, ама оваа ко за дете од 8 години ми личи. Ланската (6-18 месеци) му е дефинитивно мала, а и барам со ногавици, почна да се буни, не ми прифаќа вреќа без ногавици. Којзнае и оваа дали ќе ја прифати. Немам поим колку е висок, богзнае откога не е мерен, ама во принцип е со просечна висина/тежина. 92ките му се претежно сеуште точни. Едит: да беше ланската со отвор за ноџињата, може ќе му беше точна. Од Нанам е, бројчето е 18-36 месеци и делува многу голема. Не ни е пробана, ама веројатно ќе му биде голема. 2 години е синко.