Кажете ми некои страни за онлајн нарачки за новогодишни подароци? Сакам да им испратам на фамилијата изненадување ама неможам да најдам ништо повеќе од лампионите со имиња..
Ај зш оваа е најактивна тема, тука ќе прашам, извинете ме. Има некој whack a mole играчка, дали на 3 годишно би му било интересно да ја игра? Уште немам купено ништо за НГ од што се двоумам. Не сакам безврска да ми зафаќаат место по дома. Други идеи ми се: Ваква некоја магнетна книга? Играчка со балансирање? Со заштрафување? Мозаик? Иако не сфаќам од кутијата од што се изработени деловите. "Шиење" копчиња? Танграм? Идеи? Знам дека ќе добие кујна и правосмукалка. А јас сакам нешто за мозгање повеќе.
Мојава има магнетна книга, на околу 3-4 години многу ја играше, сега ќе прави 6год и уште знае чат пат да ја отвори.
Првата е од Џамбо, последната од Просветно Дело, мозаикот е од Атлантик Комерц, а останатите од Galaxy Toys.
Прашав дека убави цени имаат, истата магнетна книга ја купив 1000ка во саботата од локална книжара Да знам за следен шопинг. А скоро 3 години е внуката се изнаигра со неа, и има слични како другите што ги предложи, баш се соодветни за возраста. Мозаикот е пластичен, ако е како тој што го има она. Тоа е можда нешто за малку поголемко или потрпеливо дете.
Саботата ги порачав , во вторник стигнаа. Трет пат нарачувам од кај нив, секогаш за 2-3 дена ми доставувале. Не сум од Ск