Од каде се патиките и цена? Гледав на Тему околу 1200 денари беа, ама немаше рецензии па не ми се земаа туку така. А и дали ги пробавте, впечатоци нешто, какви се? Вреди ли да се купат?
Моето е 3 год. 10 мин му беше интересно ,после го фрли позади кревет Јас не знам веќе на овие денешни деца како да им удоволиме. Веројатно треба само по една до две играчки годишно да им купуваме ,па да знаат да ценат ,да играат и да се радуваат
3 ипол. Денес стигна и одма го отворивме. Еве уште не му е здосадено. Скоро саат ипол реди и се кикоти. Се зависи од детето
Баш така, задоволени со секој вид на играчка,ама ние сме криви- родителите. Моето малечко е година ипол и некако ништо не го заигрува. Сега за нг доби сетови со пластелин,коцки пластични,коцки дрвени...бато(5год) си игра до се,а он само расфрла. Барам нешто да му задржи внимание колку едно кафе да се напијам
Што знам ама според двете што ги имам дома на година ипол ниту едниот од нив не играл со пластелин. Коцки и така и така ама пак мислам дека се мали на таа возраст за тоа. Според мене вовчево е ок. Брат му ќе го реди а тој ќе се радува. Ама пак ќе кажам зависи од детето. Јас не сум мајка што купува многу играчки ама тоа сум јас. Некој може ќе осуди, некој ќе одобри ама јас така сум решила. И тоа што го има или добил го игра. Нема незаинтересираност. Ама пак по трет пат ќе се цитирам се зависи од детето. И тие се индивидуални карактери
Амин! За утеха ако ти е, истото дете го имам. Во недела полни 3. Секоја играчка му е интересна максимум 10 мин. После тоа крши, фрла, гази. Да, стварно треба да почнеме да им купуваме по 2 играчки годишно да знаат да се радуваат и ценат.
Има дете и дете да не се лажеме. Се што и е купено го игра ама секоја играчка и е внимателно одбрана според возраста и интересот.
Е тоа е тоа каде јас грешам. Ние дефинитивно не внимаваме доволно при изборот на играчки , плус татко му преку еден ден му купува што ќе му дојде при рака , плус па и свашта му донесуваат за подароци ... Јас баш вчера пресеков. Собрав све од играчки , му оставив 5-6 и ќе се концентрираме сега само на тие . И веќе забранив купување , на сите ! Или ако купуваат тоа да бидат некои едукативни игри . Вовчиња , колички , багери , и разни други"глупости"веќе во моја куќа да не видам
И јас почнав да ги кријам и после да им ги давам кога ќе соберам други шо се наиграни.. се затрупавме со играчки ужас. Мада јас како мала имав мноогу за тоа време ама знаев да си играм со се и ги чував, ден денес ќерка си игра со моите играчки и барбики како денес купени кои секако она ги уништува оти не знае да чува.
Бубче, кај мене е цела година помала, во последно се заигрува со боици, слагалици и вакви интерактивни книги https://www.prosvetnodelo.com.mk/Product.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&IdProduct=1168 Изигрува доктор по дома. Кај со книгата и дополнително комплет докторски зедовме за сите кукли да ги прегледува. Неколку типови имаме што и се интересни. Следно сакам оваа да ја земам https://toper.mk/product/sreken-rodenden-hopi-lopi/ Не ми е баш јасна по описот. Ако ја има некој, дали може внатре да слика?
Блазеси ви на таквите деца. Моево 3 години како се нема заиграно со ништо. И јас му купувам се според возраста и интересот ама пак му држат внимание 10 мин. Неговите интереси се само да скока, трча и крши. Скроз друг тип на дете од твоето очигледно, да не бегаме од темата.
Пет страни се, на секоја по нето од звучните сигнали треба да притиснеш. Мојава е 8++ и ја обожава. Со неа научи да плеска со рацете.