Никаде не е пишува од која возраст може, само пишува деца до 6 години 1 мерилка на ден, а над 6 години 2 мерилки. Јас го купувам во Еурофарм, ама го има скоро во сите аптеки. Има и како единечни пакувања, една или две дози се во кесичка, ама мене вака ми е попрактично. Има и помало пакување исто вака во стаклено шишенце, ама поисплатливо е поголемово.
Дрвената играчка алати од каде е и што цена? Земав денес многу слична на оваа, а не го знам овој бренд
Од Бебе Хоум https://bebehome.mk/product/hauck-learn-to-repair/ Таа уште ја немаме отворено, ама препорака за камиончево со алати. На батерии е, вози, има музика и светла. Кога ќе наиде на препрека менува правец. И бормашината е на батерии, врти во два правци, отштрафува и заштрафува. Прееска го отпакувавме и едно пола саат заборави дека постоиме https://bebehome.mk/product/hola-камионче-со-алати-музика-светла-ефек/
Со здравје да си ја вози. Инаку се отвара хаубата и се отштрафува и моторот, а денес син ми ми покажа и тркалата дека се отштрафуваат
Од каде се сортерите, и жижи дали пее? И ако може да ми кажеш кој број на хеланките ги земаш од Зара, не знам јас кој број да нарачам да не му бидат мали.
Сортерот е од Тему, а Жижи пее, ама не ни е уште пробана. Хеланки од Зара моментално носи 98ца. Само ако е назначено дека се помал калап земам еден број поголеми и обратно. Спојлер