Ќерка ми сега наполна 2год. од Синсај сакам онлине да порачам пролетна јакна и летно фустанче кој број да земам 92 или 98.
За споредба ќерка ми е 88цм, околу 12,5кг. Исто 2 години. Фустанчиња и чинат и 92ки, ама се повеќе 98ки земам ради должината. Во ракавите и се долги тие. Хеланки, комплетчиња 92ки. Палтенце 98ка и е огромно, го пробавме во продавница, би го носела следна есен веројатно. Е сега ако ти е баш сега, за сега 2-3 месеци да го носи само, може и 92ка.
Две години има 12.5 кг. Од синсеј 92 и е кнап, 98 имам две јакни една ок, другата голема,нарачав онлајн тексас палтенце и 98 и е мало. Долем дел тренерки 98 и се големи, а горен дел блузички веќе почна 98... Сакам да кажам не се баш стандардни со величини, сепак за фустанче земи 92,а за јакничка немам совет,зависи од моделот
Да се надополнам. Исто пробавме и тексасна јакна, 92ка и беше кнап, скроз стегната. Така да ако имаш опција најдобро е со проба.
Тегет чизмичкиве ги има синко, ги изнаносе, на снег, во кал, супер се покажаа. Баш денеска ги видов дека се 300 денари, ќе му земев уште едни за наредна година, ама останати се мали бројчиња Спојлер
Јас пред две недели ги нарачав, имаше тогаш и големи бројчиња,25ка земав, мојот е со мало ноже , и у 23ка патика влегува Ама јас коа нарачав беа "поскапи" 399 ги земав и овие и белите Багатела