Јас нарачав есента пет фустани и не ги носам. Материјалот е многу лош, не одговараат на бројчињата, големи се и долги ко вреќи. Е сега, пошто не ми доаѓа памет, имам нарачано уште два-три, па ќе видиме што ќе стигне. Читав ривјуа овојпат пред да нарачам, скоро сите позитивни, дури и слики има, па ќе видиме дали се излажав
Ривјуата се кажи речи секаде океу ама случајно наидов на објава на фб за искуства и имашедоста коментари дека се лош квалитет.. а стварно фино изгледаат на слика ..
Абе што да кажам, само два пати можат да ме заебат Мислам дека во брзо време треба да ми стигнат, баш ќе пишам какви се
Дали се онлајн порачани? Конкретно за јакничката ме интересира, ако е онлајн ако можеш пушти ми линк. Од каде??
јас сега прв пат нарачав шорцеви и маица една за проба као памук, океј се, него броевите не одговараат. јас нарачав с, а некако големи ми се
Како се со големини спрема останати обувки? Месеци ги меркам, сега веќе од моделот што го сакам нема ни број ама скроз ми е шубе за порачка. Ќе чекам нова залиха. Ќерка носи патики 22 број, а од овие по табела ми излегува 24 за порачка. Да не испаднат огромни.
Јас имам искуство само со топлинки, не знам дали се ист калап сите обувки. Топлинки му земам веќе втор пат ист број како други обувки што носи. Поголеми се и пошироки, ама не му пречи и подолго ќе ги износи. Ако се сите калап ко топлинките, во 24ка ќе плива. Јас би зела ист број ко други обувки што си носи, сигурно има можност да се заменат. А за нова залиха ќе се изначекаме ми се чини. Кога и да отворам се истите. И сега едвај најдов бројче
Мојата адидас моментално носи 22. А топлинки имаме 21. Топлинките и се по кнап од патиките. Значи тука некаде како што ти кажа Аника. Искрено мојата најубаво оди со нив. Имаме и кондурчиња. Најстабилна ми личи кога ги носи.