@Anika55 @duffi Оваа табела ја гледам Измерена ногата по см, ми испаѓа многу поголем број. Ќе следам периодов, па ако има нови бројчиња, ќе порачаме, ќе се пробаме.
Поширок модел се. Во должина може нема разлика ама за разлика од другите обувки во широчина се покомотни. Јас земам да и пробам. Па не знам да ти кажам. Ама мислам ок е табелата.
Значи истите мерки ги пишува за сите обувки. Ако е така, јас мислам ако и земеш според цм на табелава ќе и бидат огромни. Баш ме интересира и мене, ако земете, пиши како ќе ви одговараат. Инаку, нас ортопедот ни кажа дека за боси обувки не важи правилото дека мора да има еден прст празен простор напред кај прстите, зашто се доволно широки. Јас сепак земам малку поголеми, подолго ќе си ги износи
Busy book, со лепенки е внатре со чичак се поставуваат и вадат. Ќерка ми ептен игра со вакви. Во нашата има овошје, зеленчук, да погаѓа, по бои да сортира, бројки, животни, делови од телото. @Anika55 , може линк или слики од страните?
Да, busy game. Предложете некои други слични што им држат внимание на вашите деца, ако ги има на тему уште подобро.
Нашата е од Тему ама линкот не е активен Гледам во кошничка оваа верзија ми стои следно за порачка https://share.temu.com/e4XQqpdt0pA
Моментално топ играчки од Тему ни се овие: 1. Дрвена комбинирана играчка. Ептен му беше хит. Баш истата на Тему веќе не можам да ја најдам, ама нешто од овој тип може да има. Доста му држеше внимание, сега ни е малку на пауза. Спојлер 2. Сортерчево е закон! Освен за бои, одлично е за вежбање фина моторика, делчињата се ситни. Првите неколку дена саати помина со ова, а и уште му е интересно. Спојлер 3. Магнетнава табличка од срце ја препорачувам. Многу е интересна, па и јас се заигрувам со неа Меѓудругото, супер вежба и за трпение зашто бара споро, рамномерно движење. Моментално ни е хит. Освен вовче, имам видено дека има и со сладоледи, диносауруси, печурки и др. Спојлер 4. Со прстениве се изненадив што играње даде. Може да се делат по бои, да се спојуваат по две или сите како ѓердан, па го ставаме кај него на врат, па кај мене, па се гледаме во огледало, па сите на еден прстен ги редиме, па на глава ги ставаме, па на други играчки ги закачуваме.. Спојлер 5. Книгава со бои за прстиња. Оваа ни е тазе (денес) отворена. Ама интересна е, убав квалитет е, боите лесно се мијат/бришат. Спојлер Busy book е убава, само ме нервира што слабо држат лепенките. Само собирам делчиња и веќе некои не знам ни каде се @Miss_S за што поточно?
Од Busy book. Нашата пак веќе месеци ја игра, а мислам и со мижење знае да ги стави лепенките. Веќе се некои превиткани, нели хартија, па сакам нова да и земам.
Of topic на тоа најдесно горе што е со стрелка нагоре можеш само линк да споделиш. Фала, ќе ја разгледам и оваа
Јас според табелава нарачав, точно ми излезе. Ист број му се топлинките со адидас патиките. Оваа должина е на влошката инаку, не на стапалото. Ако должината на стапалото и е околу 13 цм, 22 земи.