Ми стигна едното фустанче и мене ми се свиѓа. Иако не е памук, материјалот е мек и фино е сошиен. Малку е проѕирен. Секако многу подобар од тие претходно што ги имав нарачано. Еве го фустанот https://share.temu.com/4b7bb4TRrFA Spoiler: Мои слики
Мене ми се свиѓа што доаѓа и четка за чистење и плус капаче обично наместо ова со цевка, а и повеќето некако беа над 1000, мислам поквалитетен материјал. @emits само за вода сега за сега, на други пијалаци не е фан.
Дада, за вода ми треба и мене. Мислам за летоска дека е добра верзија, да не им се топли водичката.. Јас за вода за адаптирано имам twistshake и ок е. Ама сакам нешто вака со цевка за вода за пиење
Мајки ми треба предлог за подарок за 3 годишно девојче нешто што се користи, што е интересно до 3.000-3.500. Се мислев за велосипед, ама има баланс со помошни и никако се нема качено не сака да го вози. Тротинет имаме. Кујна дрвена имаме. Музички инструменти како пијано, бубњеви, гитара исто имаме. Не знам што друго до таа цена некаде, најтешко ми е кога ќе ми речат одбери подарок со таа сума.
Од тие магнетните Конетикс има интересни сетови. Куќичка за кукли дрвена поголема, шминкерница со столче џиџана.
Може да видам куќичка за кукли, магнети и шминкарница исто доби за нова година Немам веќе каде да ги складирам само
Мојава на таа возраст со бебиња си имаше работа. Количка, креветче, столче за хранење, такви реквизити купувавме за бебињата.
Ако имате двор лизгалка, клацкалка и слични реквити. Макар што да бидам јас искрена веќе претрупани сме со играчки и опрема, се повеќе почнав да барам од блиските што ме прашуваат, да и носат пари и да и ги штедиме истите.