Немам слика ама купив три пaра пижами од странава. Купувам и зимски од тука и се доста евтинки, а солиден квалитет 100% памук, па ете може ќе помогнам на некого. https://www.facebook.com/share/19CSEbp2ah/?mibextid=wwXIfr Исто и базен мораше денес да се купи, да се почне сезона(Купивме од Галакси во Ѓорче еден)
Сега прв пат ја пробав. Има лесна формула според тоа убаво се размачкува низ кожата, читав на интернет дека остава малку бели траги, тоа мене не ми смета искрено, ама не остави воопшто бело на ќерка ми и на мене. Освен што е многу мрсен лосион и може да ја расипе облеката го препорачувам само за на плажа. Најмногу ја земав за бебули. Формулата користи минерални филтри и особено поради цинк оксид кој е искористен како УВ филтер. Обично сум против мачкање бебе со вакви креми под 6 месеци и не сум практикувала претходно, ама ова лето има предупредување во Грција за опасно високо УВ зрачење и под сенка и дома преку прозор и секаде и ради таа причина барам некој посоодветен спф фактор и за бебето.