Дома ми е, не го пуштам во градинка.. некогаш кажува, некогаш го погодувам јас, но скроз баталени пелени, спие и со гаќи (имаме куп гаќи, овие ради маичките повеќе ги земав, а убави и не се скапи). Инаку точачето зашто кај нас ретко ги има, а ако ги има се скапички вака поубавите.. порачавме од Полска од луѓе кои одат натака чат пат
Промоција на бекутан во рамстор. За сума од 3000 ден врека или бебешка фотеља. Сега сите заедно ке стојат, а кога ке ја правиме втората детска соба двајцата ке имаат по еден сет.
Купи производи Бекутан во вредност од 12.000 Да не следи подарокот за 300 ден? Вака многу бе некако... Во кој Рамстор и до кога важи? Ако е за 300 ок,ако не,не фала
Еве. Кај мене беше лесно зошто двајцата се со пелени и ова ми е залиха за некои 3 до 4 месеци, плус пелените се на акција. Ние и онака купуваме на големо пелени кога се на акција, одиш со кола, правиш нсбавка за неколку месеци и после си раат од мкнење на раце. Ако купуваш прво осигурај се што имаат на залиха. Јас од три маркети ги собирав.
Ахаха, а што да правам кога двајца имам мочковци и ова ми е за некои си 3 до 4 месеци, а може и помалку. Плус пелените се моментално на акција и се некаде 200 ден поефтини од парче. А ти да не помисли купував шампони и купки за 12000 целно за вреки. Мислам една кола до сега имам исплатено во пелени.
Сега ми е јасно Не ми се исплати. Бекутан влажни повремено користам и тоа за бањање 2во1,ќе треба за 3 год унапред да земам за една фотеља Фала на инфо,дечките со здравје да си седат Јас колата ја исплатив,а богами и станот,со Аптамил