Дали уште некој како мене се чуди на Синсеј и облеката и пижамите новогодишни со кратки ракави? Ако се наменети за во Австралија ок, ама за кај нас не се сигурно. Среќа изнакупив од Лидл и Пепко нормални
Не ми е и мене својствено куси во зима ама пример пријатели наши во Ск, викаат во станот им е прежешко со централно греење и цела зима за по дома стварно се шетаат по куси.
Некаде е прежешко стварно. Мојата моментално спие доле со долги, горе со кратки ракави (ќе видиме во јануари). Без чорапи е по дома 90% од времето. Нејзе ја покривам со фротирче навечер. Ако е по долги облечена само стапалцата и ги покривам и пак жива вода се буди. Кога не беше загадено до пред некој месец прозорот на кип го оставав, а сега не можам ни да излуфтирам . Ние сме на градско и топло е, ама зависи и од детето. Јас па среќа и купив од лидл доле долги, горе кратки, мислев ќе ги носи на пролет, она изгледа цела зима ќе си ги носи. На синсеј ако новогодишните им се доле со кратки стварно е нонсенс. Инаку и купив од синсеј на кратки ама тие беа на попуст од летната колекција. На темава. Кутијата лего не дочека целосна слика, конетиксот со топчиња некако ме разочара, не е баш тодлер френдли за редење, а може треба и во шема да му влеземе.
Дел се од блек фрајдеј кога имаше попусти. Сите се од различни места, Крш, Бејби Центар и Литература. Во Литература имам клуб картичка па пак ок цена доаѓа, инаку по редовна цена одбегнувам да купувам, превисоки се кај нас. Крш на сајтот кога гледав уште имаше попуст на дел, дали им важи или е заборавен не знам.
Конетиксов општо нешто подобри се од поефтиниве магнетни конструктори? Сакам да купам за поклон и гледам различни брендови и доста разлики во цена .
Не сум ги пробала другите. Со магна тилес исто има играно ама во споредба со конетикс тогаш ги одбрав конетиксот. Другарка имаше некои слични, рече магнетите не биле доволно добри. Мојата баш сериозно ги игра и сакав да се поиздржливи, убаво лепат, се трескаат нон стоп од високо, некогаш се газат (ама така ми пукна една голема) и пак се ок. Прочитај мислења или видеа побарај ако најдеш пред да ги купиш.