во право си 100% ова се случува во поголемиот број на случаеви кога мажите оставаат,секогаш е причината некоја друга иако кажуваат други изговори а пак повеќето жени кои оставаат повеќето по извесно време се каат и жалат додека некои веднаш започнуваат нов живот или нова врска кај секој е различно секоја личност на различен начин ги доживува овие работи,но сепак кога се излегува од долга врска не е свеедно можеби можеш да правиш што сакаш но имаш голема празнина во душата и рана (доколку си била повредена)која не зараснува за еден ден но солзите ја лечат душата и времето ги брише сеќавањата полека но сигурно времето носи нова надеж и нова личност секогаш како и да е NA KRAJ SEKOGAS IMA PRICINA ZOSTO TOA TAKA SE SLUCILO I ZOSTO POVEKE NE STE SO TAA LICNOST...
Имав врска од 4 години. Летово прекинавме, поради моја грешка. По две недели почнав да се гледам со други, а сега кога сум малце по смирена да кажам, чуствувам вина, грижа на совест. Дали е можно само за недела дена да ги надминав тие 4 години?! Или пак само се залажувам?! А и не е толку важно, секогаш ќе има посебно место во моето срце, знае, знам и јас, ама како сега да си фатам нов ? Како после толку време со него, како кога се ме потсеќа на нас?! Супер ми е навечер кога ќе излезам, ќе се смувам со некој, почнав да искачам и со мнгоу позитивни луѓе, па и факултет, нова средина. Но нешто сепак фали. Дали ми фали он, нашите заеднички мигови или некој со кој ќе почнам од почеток?
Мора после секоја долга врска да си чувствуваш празнина или пак да ти недостига се додека не си најдеш друг во кој многу си се затрескала..ама ете јас пример откако раскинав помина можи пола година и имав баги периооди во животот кога си мислев на него дури сакав да е покрај мене ама мораш да си бииддиш силна и да продолжиш ете ако ти е убаво со другарките нема за шо да се замараш..то е нормално и природно така има периоди ама ќе ти помини..
Многу добро кажано .. правев се за него , а не заслужуваше ни едно здраво од мене.. имам 16 години .. одев со него една година .. уште малце месец како раскинавме,а толку многу ми фали ! Се мразам себе си на помислата дека сеуште го сакам и сеуште не можам да помислам на друг :/
Добро си кажа Kasha...боли и душа и срце и се! Мене најдолга врска ми беше 7 месеци.Откако раскинавме немаше минута,а да не помислам на него,немаше ден да не го спомнам,немаше нешто што не ме потсеќаше на него.И излегував во меѓувреме со други и се забавував .Мислев сум го заборавила,но не беше така.Баш во моментот кога мислев дека скроз го заборавив се појави пак и ете пак сме заедно. Сакав да кажам само не е важно колку долго си бил со некоја личност,туку колку таа личност ти влегла под кожа и што се направила за да биде запаметена. Во мојов случај ништо не направил за да не можам да го заборавам,но веројатно ми влегол под кожа.
Едно прашање до вас: Дали вреди да се има долга врска на млади години? На ова прашање имам добиено различни одговори, или дека не вреди зашто некогаш покасно во животот ке зажалиме, зашто ке се осеќаме ко да сме пропуштиле многу, или пак дека ако едноставно ти е убаво да си тераш, без разлика на возраста Што мислите вие?
Зависи од со тој шо си во врска..ама на мала возраст ретко кој знае да цени и почитува. Не вреди според моето искуство многу жалам шо му се препуштив за некои работи и му верував кога гледам сега..воопшто не вредело, сега си излегвам со другарки многу си загубив шо имав долга врска посебно во период ког сите лудуваа и со чоек шо беше клошар ама то е, мора да згрешиш..
Конечно после долга борба од моја страна е ГОТОВО. Веке месец и појке не сме заедно, а имавме долга и сериозна врска со планови за иднина заедничак..затоа што дознав дека се гледа со колешка негова, ми раскина со изговор дека сме оладиле и после неколку дека ми призна дека се гледа со неа, поради неа и се каравме бидејки се соменавав од порано. Поминаа неколку дена и јас ладна, рамнодушна но за Божик душата си ја исплачив.... премногу тешко, немам зборови да ви кажам како тие 2 дена ги поминав...следниот ден ми беше подобро, излегвав 24/7 не бев со друг, се до пред 3 дена излегов со еден кој ме гледа како кралица, ме држи во рака и е предобро дете, ама ете пак сега ме фати некоја криза, ужас...а мислев дека поминало..мислев дека ке е подобро. Незнам како да се испрам на нозе и да сфатам дека Господ за мене има подруга приказна...помогнете некој совет..како да се заборај?
Вреди ако го сретнеш вистинскиот Вреди да се проба, времето ќе го покаже тоа. Зборувам од искуство Не сум зажалила за тоа што сум имала еден во животов, не сум пропуштила ништо, напротив сум добила многу.
значи од вакви машки косата ми се дига,а што го коштало да раскинете па по извесно време да тргнел со друга,независно колешка или другарка итн.колку бил неправеден спрема тебе значи со неа си флертувал а со тебе љубовно лудило,интимност а фантазира за друга.немој да жалиш за ваков дечко,си имал господ план за тебе ќе си надеш посоодветен,некој кој ќе знае вистински да те почитува и сака,се најубаво и батали ова претходново .
Секогаш на почетокот е тешко, но со време ќе ти олесни. Сфати го сето ова како една добра лекција која што ти ја пружил животот. Си се трудела, си вложувала да успее, не испаднало така како што си замислила. Те разбирам дека сега не ти е до ништо, се чувствуваш потиштено, но после дождот секогаш доаѓа сонце! Типот не ти бил достоен едноставно. Немој да брзаш да излегуваш со други, одмори се од сите тие емоции, исплачи си, олесни си ја душата. Доколку си блиска со мајка ти, разговарај со неа или пак ако имаш сестра уште подобро. Доколку сакаш, ќе заборавиш. И пак ќе напишам, време и само време ќе ти помогне да се справиш со ова.
Најпрвин ќе речам,најлошото поминало Добро е што сега,на време сте раскинале,колку покасно толку поболно ќе биде. Долгата врска подразбира и навика.Не е лесно некој што си го сакал,нон стоп време си поминувал со него,интима си делел,дека ќе го забравеш така лесно,преку ноќ. Дај си на себе време.Пробај со другиов,пружи си шанса да си покрај некој те почитува. Ако сметаш дека брзаш,во ред.Тогаш концентрирај се на себе-аеробик,јога,учење,посетување курс,кафе шеми со другарки,вечерни излегувања.
После долга врска.. Неколку дена не сум свесна за ништо. Се чувствувам најнормално. Ни плачам, ни жалам. Ништо. Како да немам емоции во мене. Не знам дали ги потиснувам и бомба си правам внатрешна за после неколку денови да експлодира. Не зборам за тоа со никого. Штом ме праша некој во врска со тоа одма го пресекувам и кажувам дека несакам да зборам за тоа. Добро е што ме слушаат веднаш. После некое време ќе кажам на другарка што се случува со мене. Колку ми е тешко. ( Како тоа таа да не го знае ама паметно си молчи зошто знае каква сум. Кога сум спремна да се соочам тогаш ќе почнам да зборам ) Малку од малку тоа ми помага. Секогаш се тука филмовите и сериите како терапија и излез од реалноста. Тука се и неколку момчиња што ќе се појават од никаде и ќе ми дигнат самодоверба. Тоа ме прави да се чувствувам посакувано но немам желба да бидам со никого сеуште. Флертот ми е лек само краткотраен. Бришам пораки, бришам и блокирам негов фејсбук. Бришам секакви докази дека сум била со таков човек. После некое време се чувствувам слободна, препородена. Не се ни сеќавам на средбите заеднички и си уживам со слободниот ми статус се додека не се појави некој што ќе заслужи да го смени
После долга врска.. Сите жалите .. Let's face it додуша зависи во каква врска сте биле...Доколку се сте осеќале како затворен канаринец тогаш сигурно ви е убаво.Еве лично јас после ваква врска се чувствував како птица на слобода.
и така после месец дена вчера го видов како си ја држи за рака пред мене, се пресеков мислев ке умрам..стварно незнам како ке преболам
Имам врска која е дрш не дај одевме ама сега се гледаме дали е тоа погрешно? што велите? сеусте ја има истата страст од пред времето кое бевме заедно сега го деактивирав фб за да свати дека не ми е биртен тој глуп сајт и дека фб е само лажжна слика за мене.... незнам како да го вратам или да прекинам со него незнам веќе што е правилно........
Жалам за твојот случај. но животот е таков..неопростлив..мораш и ти да си таква.Разбирам ти се срушила цела замислена иднина пред нос,но штом тој се гледал со колешката подолго време значи се било fake shit.Незнам како не го имаш досега замразено, наместо да се кршиш стегни заби и мислиси во глава i'll spit on your grave или боље гледај го филмот убава терапија е.Запиши се во теретана да го отфрлаш екстра притисокот и непотребните мисли, зашто сепак на крајот се се сведува на тоа.Тоа што го мислиме и го осеќаме,правиме итн...Јас разбирам дека типот ти забодел нож во грб, но сега си сама,нема кој да те повредува, сега мораш сама да исконтролираш се.Едноставно луѓето се сечат, а ние жени како жени не треба да си дозволиме некој да не контролира кога не е ни до нас. Пробај го ова и ти посакувам се најдобро.
Како да се најде нов дечко после долга врска? мене сите ме знаеја дека имам долго време дечко, и никој не ми се пушташе.. и сега кога се скарав (официјално раскинав пред 2 дена, ама бевме малку оддалечени подолго време) никој не разговара со мене како што разговараат со другарките кои се слободни.. уште ме третираат како зафатена